ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби да не се пазари и да не бега, да се врати во Македонија и да си докаже пред суд колку е чист како солза како што самиот тврди, и доколку има храброст да се соочи со доказите

December 18, 2024
1 min read

Артан Груби е епицентарот на сите скандали и афери изминатите години. Нема скандал а да не се поврзува со името на Груби. Како кула од карти се сруши наративот на ДУИ дека се борат за ЕУ и зелени агенди. Артан Груби и врхушката на ДУИ, блиски соработници на Али Ахмети под превезот на демократија, правда и зелени агенди се борат исклучиво за да го заштитат крупниот капитал стекнат на криминален начин, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија за да докаже колку е чист како солза.

Груби веднаш откако се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на кривична постапка за милионски криминал ја напуштил државата по ставањето на црната листа на САД а пред отпочнување на кривичната постапка против него.

8 милиони евра е криминалот во АД Лотарија на Македонија во кој главната улога ја имаат Артан Груби како вицепремиер и Пeрпарим Бајрами како директор на Лотарија.

Артан Груби да не се пазари и доколку е чист како солза како што самиот тврди, да се врати во Македонија и да си докаже пред суд доколку има храброст“, потенцираа во соопштението.

Одговорност за милионскиот криминал кој го направил Груби мора да има. Одговорност за корупцијата и криминалот во пандемиски размери на СДС и ДУИ мора да има, нотираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Време е за унапредување на демократијата, владеење на правото и правдата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на ЕУ Самитот на Западен Балкан во Брисел 

Следно

Земјотрес со јачина од 7,3 степени ја потресе пацифичката држава Вануату, загинаа 14 лица

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop