Влезе во историјата: Лили Гледстоун прва домородна Американка која доби „Златен глобус“ за најдобра глумица

February 2, 2024
1 min read

Лили Гледстоун деновиве влезе во историјата како првата домородна Американка која ја доби наградата „Златен глобус“ за најдобра глумица, за нејзината улога во „Убијците на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon). Таа глуми жена од народот Осејџ, чие семејство систематски се убиваат меѓу себе.

Таа е номинирана и за годинашниот „Оскар“ за главна женска улога. Филмот пак, има вкупно 10 номинации за „Оскарите“.

Примајќи го признанието „Златен глобус“, Гледстон ѝ се заблагодари на својата нација, како и на режисерот на филмот – Мартин Скорсезе, колегата и извршен продуцент, Леонардо ди Каприо и на Роберт де Ниро. Таа потоа проговоре и за Домородните Американци.

– Ова е за секое мало дете од резерватите, секое мало урбано дете, секое мало домородно дете кое има сон, кое се гледа себеси претставено и нашите приказни раскажани… Самите ние – со наши зборови, со огромни сојузници и огромна доверба покрај сѐ друго, рече наградената.

И сонародниците ја покажаа својата поддршка за успешната глумица. Меѓу другите, и Стерлин Харјо, кој работел со Гледстоун во две епизоди од неговата позната ТВ-серија „Кучињата од резерватот“ (Reservation Dogs), се согласи со пофалбите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ГН на Јапонија останува во календарот на Формула 1

Следно

Запрена аукцијата со лични документи и предмети на Нелсон Мандела

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop