ВЛЕН: Зголемување на платите за здравствените работници – Подобра грижа за граѓаните!

December 7, 2024
1 min read

Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат современа здравствена заштита и мотивирани вработени. Ова е наш приоритет! Од моментот кога ВЛЕН го презеде раководството на Министерството за здравство, почнавме да го подигаме здравството од клиничката состојба каде што го остави претходната власт. Зголемувањето на платите за сите здравствени работници е само првиот чекор!- соопштија од ВЛЕН.

„Што постигнавме?

• Ги зголемивме платите за сите вработени врз основа на новиот коефициент. Секој вработен ќе добива по 3.636 денари повеќе месечна плата.
• Лекарите за итна помош и оние кои работат во тешки услови сега се наградени за нивната посебна работа.
• Не ги заборавивме медицинските сестри и вработените кои се грижат за стари лица или деца на интензивна нега. За нив обезбедивме зголемување на платите за да ги исправиме неправдите од минатото.

Зошто го правиме ова? Затоа што веруваме дека нашите лекари и медицински сестри заслужуваат подобри услови! Затоа што знаеме дека граѓаните заслужуваат квалитетни услуги, почит и здравствена заштита како во најразвиените земји.

Почетокот на спроведувањето на долгоочекуваните реформи донесе надеж. Напорите за подобрување ги осетуваат пациентите, лекарите и целиот медицински персонал, како и администраторите. Здравството во изминатите години го загуби не само угледот и довербата, туку и квалитетот на најчувствителните услуги на пациентите“ потенцираа во соопштението.

-Ова е само почеток! Со ВЛЕН здравјето ќе стане пример за успех во државата. Здравјето на граѓаните е наш приоритет број еден!, наведуваат во соопштението од ВЛЕН.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДУИ алармира, Касами и Меџити: Бидете спокојни, време е за одговорност!

Следно

Сирискиот режим се повлече од подрачјето источно од реката Еуфрат

Latest from Blog

ВИДЕО: Рампите кренати, на патарина Гостивар никој – возачите слободно си поминуваат!

Вечерва никој нема на патарината на автопатот Гостивар – Тетово, јавува репортерот на ТВ21. Според информациите од терен, во кабините каде би требало да има вработени кои вршат наплата, попладнево немаше никој.

„Правдата доаѓа“ – трибина на ВМРО-ДПМНЕ

Во рамките на денешната трибина “Правдата доаѓа“, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов го изнесе своето мислење во врска со случајот на Лотарија и проневерата на 8 милиони евра, при што

Парите од унгарскиот кредит кај компаниите требаше да стигнат во ноември, Мицкоски сега вели на почеток на јануари

Средствата од унгарскиот кредит се обезбедени, процесот е во финална фаза и веќе во јануари ќе можеме тоа да го постигнеме, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали се потпишани договорите со банките

Муцунски: Успешна посета на Вашингтон, унапредување на македонско-американските односи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на социјалните мрежи сподели фотографија од посетата на Вашингтон. -Во рамки на престојот, остварив значајни средби и конструктивни разговори за понатамошно унапредување на
Go toTop