ВЛЕН утре влегува во нова ера: Пет партии се спојуваат во еден политички субјект

May 8, 2026
1 min read

Коалицијата ВЛЕН утре, на 9 Мај – Денот на Европа, ќе одржи Конгрес на обединување на кој пет политички субјекти и официјално ќе донесат одлука да настапуваат како единствен политички субјект во рамките на албанскиот политички блок во Македонија.

Во пресрет на конгресот, од ВЛЕН преку јавна објава порачаа дека процесот на обединување не бил лесен и дека зад него стојат месеци исполнети со предизвици, недоверба и политички притисоци.

„Кога се создаде ВЛЕН, не сите веруваа дека ова патување ќе стигне до тука. Имаше такви кои очекуваа разделба, замор и неуспех. Имаше и такви кои отворено работеа за да го спречат ова обединување“, наведуваат од коалицијата.

Според нив, утрешниот ден ќе биде одговор на сите сомнежи, бидејќи од политички партнери и сојузници, ВЛЕН преминува во единствено политичко тело.

Од коалицијата потенцираат дека одлуката не е резултат на притисок или политичка нужност, туку произлегува од уверувањето дека Албанците добиваат повеќе кога политичкото дејствување е обединето и организирано.

„Ова не е присилно обединување. Тоа е резултат на вербата дека Албанците не победуваат кога политиката е фрагментирана, туку кога енергијата и претставувањето се обединети“, порачуваат од ВЛЕН.

Во објавата се истакнува дека токму поради тоа, процесот има историска тежина и претставува исполнување на ветувањето кое ВЛЕН им го дал на Албанците.

На утрешниот Конгрес на обединување се очекува присуство на околу 850 делегати, кои ќе треба формално да го потврдат обединувањето на петте политички ентитети во една структура.

„Од идеја во која многумина се сомневаа, ВЛЕН утре станува политички факт“, стои во пораката на коалицијата.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал поведе дисциплинска: Валверде и Чуамени може да добијат и „клоца“ од Мадрид

Следно

Околу 850 делегати на Конгресот за обединување на ВЛЕН

Latest from Blog

Уставниот суд: Упатуваме остри критики кон обидите за груба партизација и политизација

Уставниот суд упатува остри критики кон, како што велат, обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност

ВЛЕН: ДУИ протестира за своите привилегии, а не за интересите на Тетово

Политичката партија ВЛЕН реагираше по вчерашниот протест на ДУИ во Тетово, оценувајќи дека станува збор за политички собир организиран поради, како што велат, „изгубените привилегии“, а не во интерес на граѓаните. Од

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин
Go toTop