ВЛЕН: Со Коридорот 8 Македонија станува дел од европските транспортни коридори

August 30, 2025
1 min read

Владата предводена од ВЛЕН преку Министерството за транспорт и врски покажува историска решителност за понатамошната изградба на Железничкиот Коридор 8, отворајќи ново поглавје за економски развој и регионална интеграција.

Со одлука на Владата е одобрен грант во износ од 3,7 милиони евра обезбеден од Европската инвестициска банка, кој ќе биде наменет за изработка на нова проектна документација и спроведување на постапката за тендер. Паралелно, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура ја започна постапката за избор на Надзор на градбата, со цел да се гарантира ефикасност и транспарентност во секој чекор.

Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, потенцира дека Министерството е целосно посветено на унапредување на железничките проекти како клучна алка за економски раст, регионална соработка и национална интеграција.

 

„Изградбата и модернизацијата на железничката мрежа не е само приоритет, туку и реалност што веќе се остварува. Коридорот 8 ќе ги поврзе Албанците од Скопје до Тирана и Драч, ставајќи ја нашата држава во центарот на европските транспортни коридори и отворајќи нови перспективи за Балканот“, порачаа од ВЛЕН.

Коридорот 8 се гледа како стратешка транспортна артерија, која не претставува само линии на карта, туку вистински мотор за развој, конкурентна економија и современи стандарди во транспортот, со кои земјата ќе стане силно поврзана со Албанија и Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп ја укина заштитата на Тајната служба за Камала Харис

Следно

Шоу на Лапорта: Претседателот на Барса лежи на тревникот на “Камп Ноу“!(ВИДЕО)

Latest from Blog

Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во
Go toTop