ВЛЕН: Силни општини значат побрза европска интеграција

June 4, 2026
1 min read

Учeството на копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, на сесијата на Заедничкиот консултативен комитет во Брисел, при Европскиот комитет на регионите, повторно ја актуелизира улогата на општините во процесот на европска интеграција.

Од Брисел, Меџити во својство на градоначалник на Општина Чаир и заменик-претседател на ЗЕЛС, порача дека локалната самоуправа мора да биде активен дел од патот кон Европската Унија, како клучна алка во спроведувањето на реформите и приближувањето на европските стандарди до граѓаните.

Според ВЛЕН, процесот на европска интеграција не може да се одвои од општините и од услугите што граѓаните ги добиваат на локално ниво. Општините, како што беше нагласено, се најблиската адреса до граѓаните, каде се бараат ефикасни услуги, одговорност и конкретни решенија за секојдневните проблеми.

Во таа насока, децентрализацијата останува една од клучните програмски определби на ВЛЕН. Зајакнувањето на локалната власт и зголемувањето на надлежностите на општините, според нив, ќе овозможи побрз и поефикасен одговор на потребите на граѓаните.

ВЛЕН најавува дека ќе продолжи со заложбите за силни општини, функционална децентрализација и европски стандарди што директно ќе се почувствуваат во секојдневниот живот на граѓаните.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Дигитализацијата е клучот за модерна и одржлива енергетика

Следно

ИСТОРИСКИ ДЕБАКЛ ЗА БЕРЛИН, Германија не влезе во Советот за безбедност на ОН

Latest from Blog

Првиот човек на Фенербахче ќе лежи во затвор

Претседателот на Фенербахче, Садетин Саран е осуден на две и пол годишна казна затвор. Пресудата е резултат на обвинението кое што го зафати Саран, и плу уште двестотини фудбалски работници, фудбалери, судии

ИСТОРИСКИ ДЕБАКЛ ЗА БЕРЛИН, Германија не влезе во Советот за безбедност на ОН

Германија доживеа тежок пораз во Њујорк, откако не успеа повторно да стане членка на Советот за безбедност на Обединетите нации. Австрија и Португалија, пак, го обезбедија својот влез и ќе добијат двегодишен

Божиновска: Дигитализацијата е клучот за модерна и одржлива енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска порача дека дигитализацијата и иновациите се клучни за изградба на сигурен, одржлив и конкурентен енергетски систем, на настан организиран во соработка со

Божиновска: Новите технологии се клучни за одржлив енергетски развој

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска порача дека дигитализацијата и иновациите се клучни за изградба на сигурен, одржлив и конкурентен енергетски систем, на настан организиран во соработка со

Стабилна трговска сесија на Македонската берза со промет од над 10 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 04.06.2026 заврши со речиси непроменето ниво на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.724,54 поени.
Go toTop