ВЛЕН: СДСМ е во заблуда за ЕУ агендата

August 28, 2024
1 min read

СДСМ и ДУИ се браќа во нивните заблуди. Едните веруваат дека имаат монопол за евроатлантската агенда, другите дека имаат монопол на стратешкото партнерство со САД. Ни едното, ни другото не е точно. СДСМ до вчера тврдеше дека за новата Влада не е приоритет ЕУ за да сега не обвинува дека сме ја прифатиле “нивната” реформска агенда. Сега што е точно, едното или другото?

ДУИ, иако беше домаќин на Лавров во Скопје, пред изборите бараше да се каже НЕ на Русија. Али Ахмети ги лажеше сателитите дека САД нема да дозволи ДУИ да не биде дел од владината коалиција. Не само што мнозинството Албанци токму нив им кажаа НЕ на изборите, туку сега им ги тегнат ушите како Мики Маус за нивните планови за предизвикување тензии.

Затоа, крајно време е СДСМ и ДУИ да излезат од лажниот филм во кој живеат. Ние не сме како нив да присвојуваме стратешки национални цели кои по природата на значењето надминуваат мандат на една Влада. Сепак, треба да прифатат дека токму нивното неодговорно и коруптивно владеење најмногу ја оддалечи земјата од ЕУ. Реформската агенда е директна потврда дека ние работиме на динамизирање на полноправното членство во ЕУ. Тоа ги боли. Исто како што ги боли што ќе има правосудни реформи за отстранување на “мувлата” и ќе спроведеме бескомпромисна борба против корупцијата. Преминуваме на дела без разлика на сите опструкции, блокади и сопки од оние кои по секоја цена сакаат да ја избегнат правдата.

Интегрален текст од соопштение на ВЛЕН

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фреската Успение на Пресвета Богородица во Перивлепта во Охрид од 13 век ја најави европската ренесанса во сликарството

Следно

Израелската армија уби 11 Палестинци во рации спроведени на Западниот Брег

Latest from Blog

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика
Go toTop