ВЛЕН: Обвинителството има законска обврска да отвори предмет за Османи

August 26, 2025
1 min read

Веќе еден месец помина од објавувањето на негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи во времето кога министер беше Бујар Османи, а Обвинителството и судството сè уште немаат преземено никакви мерки. Ревизорите констатирале дека над 120 милиони денари (околу 2 милиони евра) биле потрошени за организација на самитот на ОБСЕ во Скопје без соодветна документација, без евиденција за испорачани стоки и услуги и без трајна опрема што требало да остане државна сопственост. Овие наоди отвораат сериозни сомнежи за нетранспарентност и злоупотреба на јавни средства.

ВЛЕН потсетува дека Османи и во времето кога бил министер за здравство добил негативен извештај со забелешки за незаконити дејства и сомнителни плаќања, по што судството го амнестирало. „Очигледно е дека постои структура која го штити и го следи Бujar Османи како нејзин миленик. Денес повторно гледаме ист модел – Обвинителството и судството молчат,“ велат од ВЛЕН.

Од партијата додаваат дека доколку бил кој било друг граѓанин, ќе сносел одговорност дури и за сообраќаен прекршок, но за Османи, како што наведуваат, важат други правила. „Јасно е дека е под заштита на некого, а тоа значи само едно – дека тој има долгови на друго место, но не кон Албанците или граѓаните на Чаир,“ реагира ВЛЕН.

 

Според нив, Јавното обвинителство има законска обврска да отвори предмет по негативен извештај на ДЗР. „Ако тоа не се случи, ова ќе биде вторпат институциите свесно да го амнестираат Бујар Османи за исти сомнежи и злоупотреби,“ се вели во реакцијата.

„Граѓаните заслужуваат вистина, отчетност и правда, а не политички имунитет за оние кои ја злоупотребиле државата за лична корист,“ порачуваат од ВЛЕН и додаваат дека ќе продолжат гласно и доследно да бараат одговорност до крај.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еве како изгледа ногата на Ван Дајк по “крвничкиот“ старт на Гордон!(ФОТО)

Следно

„Предложи! Вистинската идеја за вашата општина“: Заедно со граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прави програмите за локалните избори

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop