ВЛЕН: Дали ДУИ станува антизападна партија?

May 13, 2026
1 min read

Коалицијата ВЛЕН остро реагираше на, како што велат, скандалозната изјава на пратеник на ДУИ, со која директно биле навредени стратешките меѓународни партнери на државата – САД и Европската Унија.

Од ВЛЕН посочуваат дека поминале 48 часа од изјавата, а од ДУИ сè уште нема ниту дистанцирање, ниту извинување, ниту појаснување.

„Овој молк не е случаен. Молкот на ДУИ е политичка потврда на антизападниот менталитет“, велат од коалицијата.

Во реакцијата се наведува дека секоја политичка структура која се претставува како проевропска и проамериканска, веднаш би се дистанцирала од навредлив говор насочен кон САД и ЕУ.

Од ВЛЕН дополнително потенцираат дека особено загрижува фактот што вакви изјави доаѓаат од пратеник кој е доктор по професија и важи за професионално изграден кадар.

„Со право се поставува прашањето каков менталитет преовладува во остатокот од структурите на ДУИ и што мислат личности како Муса Џафери, Блерим Беџети и Садула Дураку“, наведуваат од ВЛЕН.

Коалицијата оценува дека ДУИ секојдневно го губи евроатлантскиот курс и, како што велат, поради политичката криза и губењето на довербата кај Албанците, се движи кон опасен антизападен дискурс.

На крајот, од ВЛЕН порачуваат дека Албанците остануваат најпроамерикански и најпроевропски народ во регионот и нема да дозволат, како што велат, ничии политички интереси и паника поради губење на власта да го нарушат тој стратешки и историски правец.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Началникот на Генералштабот во Албанија: Потврдена заложбата за унапредување на меѓуармиската соработка

Следно

Украинците на вежба го шокираа НАТО: Во вистинска војна сите ќе бевте мртви (ВИДЕО)

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop