ВЛЕН: Ахмети и Села молчат за коруптивните случаи на нивните роднини и кадри

September 10, 2024
1 min read

Изминаа 20 дена од скандалозното признание вина и спогодба меѓу членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мехмети и Ислам Абази, двајцата првенци на ДУИ. Изминаа 15 дена откако прашуваме каде е Дрин Ахмети и дали  е точно дека одамна е спроведен надвор од државата. Изминаа 3 дена откако објавивме дека претседателот на огранокот на Села во Боговиње е уапсен за профитирање од криминални коцкарници преку интернет, обвинуваат од ВЛЕН.

-Од сите страни пристигнуваат информации и докази за скандали од различни институции поврзани со кадрите на минатата Влада. Се однесувале буквално како државниот буџет да бил приватно чекмеџе кое треба да ја задоволува нивната алчност. Ахмети и Села упорно молчат, и наместо да се извинат, најавуваат посети на нивните ограноци. Изгледа дека го храбрат членството со нова порција лаги – дека час поскоро  ќе се вратат на власт. Продолжува нивното политичко слепило со кое упорно се обидуваат да ги направат Албанците штит за политичката корупција на нивните перјаници кои сакаат да уживаат во нелегално стекнатиот имот, се наведува во партиското соопштение.

Од ВЛЕН посочваат ова раководство на ДУИ уште е заглавено во минатото од пред 15 години кога Албанците се уште им веруваа дека навистина се борат за нивните права.

-Времето на тие заблуди одамна заврши. Допрва ќе почне да се одмотува клопчето кое ќе ги разоткрива вистинските лица на политичките богаташи чија единствена цел било безмилосно да се граба од народните ресурси. Бидејќи Ахмети и Села упорно ја игнорираат пораката на Албанските гласачи од 8-ми мај, ќе добијат уште погласна и појасна порака на локалните избори следната година, се наведува во соопштението од ВЛЕН.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА АКТЕРОТ ЏЕЈМС ЕРЛ ЏОНС, ГЛАСОТ НА ДАРТ ВЕЈДЕР

Следно

Русија не прифаќа преговори со Киев пред да ги истера украинските војници од Курск

Latest from Blog

Мисајловски на состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска ќе учествува на состанокот на ниво на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел. – Министерот Мисајловски заедно со

„Престанете да тропате на вратата на Кремљ“

Литванскиот претседател Гитанас Науседа апелираше до европските политичари да престанат да „тропаат на вратата на Кремљ“, сметајќи дека тоа ја ослабува позицијата на Европа. „Позицијата на Европа тешко може да се зајакне

Кенгур брутално претепа човек: Му се нафрли на кучето, а потоа ме удри по лицето (ВИДЕО)

Жртвата била однесена во болница со повреди кои, според медиумските извештаи, би можеле да бидат „споредливи со сериозни повреди од сообраќајна несреќа“. „Излезе како ракета“ Според Кол, кенгурот излегол од водата и

Изет Меџити му честиташе на Албин Курти за изборот на новата влада во Косово

Во пресрет на 18-годишнината од независноста на Косово, земјата влезе во ново политичко поглавје со формирањето на Владата „Курти 3“. По тој повод, Изет Меџити упати честитка до Албин Курти за неговиот

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше
Go toTop