Влатко Стефановски одржа концерт за паметење

May 11, 2025
1 min read

Легендарниот Влатко Стефановски прослави 50 години кариера со одличен тричасовен концерт во Филхармонија, како последна станица од регионалните концерти со специјални гости. Гитарскиот виртуоз заедно со бендот одржа еден вид мастерклас и на верната публика ѝ се одолжи со концерт за паметење, кој почна елегично и медитативно, а заврши бравурозно со овации, бисови, и на нозе, со песната „While My Guitar Gently Weeps“ од новиот албум „London Sessions“, снимен во легендарното Abbey Road Studio 3 во Лондон.

Фото: Б. Грданоски

На вториот распродаден концерт, во Скопје, на едноставната сцена со светлосни ефекти кои ги менуваа боите, се измешаа емоциите, виртуозноста, маестралноста и возбудата од магичниот репертоар на Стефановски кој секогаш е актуелен, иако го свири веќе педесет години. Вечерва, домаќинот ни приреди внимателно избрано музичко „мени“, кое откако го „дегустиравме“, не сакавме да си одиме дома. Се редеа „Кандилце“, „Бистра вода“, „Кумова слама“, „Влатково оро“,„Верба, надеж, љубов“, “Џипси сонг”, „Чувам ноќ од будних“, „Скопје“, „Чукни во дрво“… Сакавме уште да трае, да трае…

Фото: Б. Грданоски

Магија се случуваше на сцената и со соло делниците на чудата од деца, Иван Кукиќ на бас гитара и Јан Стефановски на тапани, кои го покажаа извонредниот талент и ја држеа атмосферата на највисоко ниво со својата смиреност и насмевка, како и мултиинструменталистот Дамир Имери, кој е веќе легенда. 

Фото: Б. Грданоски

Ако на јубилејниот концерт на Стефановски, претходно во Белград, гости му беа Златан Стипишиќ Џибони и гитаристот Мирослав Тадиќ, а во Загреб Раде Шербеџија, дома, Стефановски ја изненади публиката со настапот на кларинетистот Горан Бојчевски од Битола, кој долги години работи и живее во Целје, Словенија и со поп-ѕвездата Бајага, кој сите го чекаа со нетрпение. Ги изведоа „Тишина“, „442 до Београда“, „Ти се љубиш…“…

Фото: Б. Грданоски

Заедно со Влатко во пеењето го придружуваа вокалите од Струмица и Радовиш, Слободанка, Стојан и Тодор, со кои дури и заигра оро на сцена… Ви велам, чудо беше овој концерт….

Фото: Б. Грданоски

На крај, Влатко во публиката ги поздрави најверниот фан од Норвешка и снаата Патриша Стефановска и синот на неговиот брат Горан Стефановски кои допатуваа од Англија. 

Л. Сабит

Преземено од Независен.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полскиот амбасадор Бримора: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени

Следно

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop