Власта заборава каква била во опозиција

October 8, 2024
4 mins read

Премиерот Мицкоски е сигурно во право кога апелира до опозицијата на отстранување на суетите во политиката при носење јавни оценки за политиките на власта, но е недоследен во својот апел од аспект што истото, критика на сè и сешто, го правеа тој и ВМРО-ДПМНЕ кога беа опозиција, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на партиски настан имаше долг говор во кој, во еден дел може да се регистрира недоследност:

До опозицијата, до кога ќе бидете заложници на истиот ментален склоп. Ајде заедно да ги надминеме поделбите, и наместо дополнително да го делиме народот, да се обединиме преку дебата за проекти и идеи. Не може се што ќе направиме да не чини. Надминете го тоа, суетите и потребата сè да се критикува по секоја цена колку и нешто да е добро и корисно. Еве за почеток поддржете ги меркиве за младите. Понатаму предложете и вие мерки, ако постои можност јас ви ветувам ќе ги прифатиме.

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – Мицскоски/говор/веб; датум – 06.10.2024]

Образложение: Премиерот Мицкоски е сигурно во право кога апелира до опозицијата на отстранување на суетите во политиката при носење јавни оценки за политиките на власта, но е недоследен во својот апел од аспект што истото, критика на сè и сешто, го правеа тој и ВМРО-ДПМНЕ кога беа опозиција.

Неколку примери кои доаѓат „од прва“, не се однесуваат на крупни, „историски“ прашања и политики што ги водела поранешната власт, како што се договорот од Нивице или одлуката за референдумот потоа, ниту пак, Договорот со Бугарија, кој Мицкоски ќе го почитуваше и ќе го спроведуваше, како што му рече в лице на Борисов, а потоа како опозиција, а и сега како власт цело време го критикува. Не, овие прашања и разлики меѓу тогашната опозиција (ВМРО-ДПМНЕ) и власт (СДСМ) може и да се тргнат настрана заради поверодостојна оценка на сегашната изјава на Мицкоски.

Сè што доаѓа од СЈО не чини

Оние критики на сè и сешто од страна на тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ може да се поткрепат со примери уште од работата на СЈО. Секоја истрага на СЈО, дури и оние во кои не беа посочени поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, беа дочекувани на нож од страна на опозицијата. Фактот што Катица Јанева беше на крај осудена за мито, не ја намалува тежината на бројните истраги што се преточија во обвиненија и потоа во судски процеси, од кои некои уште се водат. А и тогаш, во најголемиот сјај на тоа обвинителство и денес, сè што потекнало од него за ВМРО-ДПМНЕ не чинело, без оглед што за тоа обвинителство се беа договориле и ВМРО-ДПМНЕ (Н. Груевски) и СДСМ (З.Заев).

Вакцините биле фашистички мерки на СДСМ

Покрупна политика која од страна на ВМРО-ДПМНЕ како опозиција била секојдневно критикувана со години, беа мерките на тогашната власт во ковид кризата или за време на пандемијата (2020-2022/3) година. Од првичните мерки со карантинот на Дебар во 2020 година, до начинот на лекување во 2021 година и огромната смртност во нашите болници, секојдневно опозициската ВМРО-ДПМНЕ, без пардон ја „решеташе“ тогашната власт. Притоа, неретко, како на една телевизиска дебата кога се изнесуваа невистини, дури и околу бројот на починати, кој за Мицкоски тогаш бил трипати поголем од она што го имале нашите соседи, што се покажа невистина.

Или пак, оној случај кога ВМРО-ДПМНЕ ги нарече „фашистички“ мерките на владата на СДСМ околу вакцините и го злоупотреби антиваксерскиот протест во Скопје, за да поддржи политика против вакцинација, само поради прибирање идни гласови!?

Народот крена глас против  Филипче и Заев и нивните фашизоидни и дискриминаторски мерки – се произнесе тогаш ВМРО-ДПМНЕ.

Пописот на СДСМ не чини

Силно беше критикуван и пописот во 2021 година, до степен што придонесе еден дел од населението во МКД да не ги прима попишувачите, а особено голем дел од дијаспората го стори тоа. За ВМРО-ДПМНЕ сè што правеше власта околу пописот не чинеше, па бараа да се спроведе и електронски попис, иако не постоеја услови за целосен електронски попис.

Беше критикувано и такво независно тело како што е претходниот состав на ДКСК, што направи пресвртница во поновата македонска историја околу постоењето на независни институции во делот на „чекс еден балансис – checks and balances“, за што постојано добиваше позитивни оценки и од ЕУ и од домашната експертска јавност. За ВМРО-ДПМНЕ ДКСК тогаш беше тело на СДСМ. За сегашниот состав на ДКСК, околу чиј избор имаше сомневања од дел од граѓанската јавност, ВМРО-ДПМНЕ нема ни збор критика. Напротив, секое сомневање изнесено на партиска прес-конференција потоа го препраќа до ДКСК на проверка.

Имаше и толку небулозни критики од страна на ВМРО-ДПМНЕ, како што беше она за „намерно исклучување струја“ од објект каде говорел Мицкоски, иако факт е дека во цело Скопје и половина Велес снемало струја поради испад на далеководи и пожар во трафостаница. Или, пак, критики и спинови од ВМРО-ДПМНЕ (имаше и од СДСМ) за невреме што го зафати Скопје во август 2022 година.

Набавката на хеликоптерите не чинела ама продолжи

Меѓу многу ретките заеднички ставови што ги изградиле СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се оние околу парите. На пример за зголемениот финансиски колач што партиите го добиваат од државата, кога СДСМ, без збор критика од ВМРО-ДПМНЕ, го смени Законот за финансирање на политичките партии во 2019 година, по што партите се опарија. Но и кога СДСМ си ја прифати одлуката на Уставен суд за зголемени плати на функционерите речиси за двојно, лажно ветувајќи дека ќе ги намалеле со нов закон што никогаш не го донесоа, на што ВМРО-ДПМНЕ немаше забелешки, а и денес ја прифаќа таа политика.

Од друга страна, пример за спроведување на истата политика којашто веќе ја критикувале од ВМРО-ДПМНЕ, е продолжувањето на набавката на хеликоптерите за потребите на АРМ, иако имаа многу сериозни забелешки кога одлуката беше донесена од владата на СДСМ.

Ова се само дел од бројните примери за критика на сè и сешто од страна на ВМРО-ДПМНЕ кога беше во опозиција, иако, се разбира, имало и повеќе примери за издржана критика. Дали тогаш во прашање била само суетата на тогашните опозициски политичари, вклучувајќи го и Мицкоски или опозициска стратегија, не е познато. Всушност, Мицкоски денес го повикува СДСМ да не прави онака како што правеше самот Мицкоски во опозициски денови. Тоа е ок, но токму тука лежи и елементот на недоследност во оваа изјава на Мицкоски.

Извори:

Оцени: Тео Блажевски

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Парите од унгарскиот кредит следната недела ќе легнат на девизната сметка на Министерството за финансии

Следно

ЗЕЛС им донираше возила на општините Зрновци и Центар Жупа

Latest from Blog

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за

Градинката во Арачиново никако да се отвори, Ибрахими го обвинува Лимани, Лимани, пак, министерството за финансии

Никако да се отвори градинката во Арачиново иако објектот веќе подолго време е готов. Родителите мораат да трошат пари и да ги носат децата во поблиските градинки во градот. Но каде е

„16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“: Се’ помал процент од сторителите се соочуваат со казна затвор

Во рамките на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство, денеска во Скопје се одржа централен настан „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“, Кампањата која започнала пред

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е уапсена 13. осомничена за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград. – Вишото јавно обвинителство

Премиерот Мицкоски утре ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка во Општина Кисела Вода

Ве известуваме дека утре 25.11.2024 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка
Go toTop