Власта најде начин како да се намали иселувањето од Македонија

January 18, 2024
1 min read

Стотици и стотици македoнски граѓани и денеска ќе се најдат во долгите редови пред пунктовите на МВР за да го исполнат ултиматумот на власта  – промена на личните документи. Ќе чекаат понижени по студот, по дождот, меѓу отпадоците што се повеќе се трупаат, без клупи, столчиња…

Ова не е нормално однесување на државни институции кон своите граѓани.

Но, наместо работата да се среди, јавноста сигурно деновиве ќе слушат нова „тура“ на изјави од државните функционери околу тоа може ли или не може да се продолжи рокот за замената којшто истекува на 12-ти февруари. Да бе, уште тоа го расчистуваат.

Изјавите на претседателот на државата, на премиерот, на министрите за надворешни и внатрешни работи се такви да збунуваат. Знае ли некој од нив што да се прави со рокот кој истекува? И бара ли некој од нив решение или чека друг да реагира?

Прво шефот на државата Стево Пендаровски создаде надеж дека рокот може да се продолжи бидејќи се случува како што самиот призна „срамно понижување на македонските граѓани“. Доволни биле, брза интервенција во два закони, а ако било потребно и тој ќе искомуницира со грчката претседателка околу нивната согласност за продолжувањето на рокот предвиден со меѓудржавниот Преспански договор. Премиерот Димитар Ковачевски, пак, најави дека Владата ќе расправа околу тоа, дека е согласен со продолжувањето на рокот ако тоа е можно, но и му даде директна и, според него, клучна задача на шефот на државата за комуникација со грчката колешка. Па Пендаровски му реплицира…

Вчера, пак, по сето тоа надмудрување мешу премиерот и претседателот, министерот за надворешни работи Бујар Османи откри дека најавите за продолжување на рокот за замената на личните документи е „давањето на лажна надеж…“ и дека државата треба да се организира за да се забрза издавањето на документите…

Министерот во МВР Оливер Спасовски едно време велеше дека се же биде во ред околу смената на документите, а сега некако тивко само кажа дека тој лично нема никаков проблем дали да се продолжи рокот.

-Ако Собранието одлучи дека тоа треба да се направи, треба да се направи, но во исто време треба да им се каже на граѓаните дека обврската е преземена од Преспанскиот договор кој по 12 февруари ќе даде друга димензија, истакна Спасовски.

И сега што да очекуваат граѓаните? Функционериве ќе прават нешто конкретно за да се реши проблемот кој самите го направија или само пак ќе даваат изјави, а времето истекува?

До сега променети се околу 1 210 000 патни исправи. Кој нема пасош со омилениот збор на власта – северна – по 12 февруари нема да може да патува во странство. Знааат Пендаровски, Ковачевски, Османи и Спасовски дека таков пасош немаат над милион граѓани на Македонија и тоа не по своја вина?

Тоа е многу ограничувачко, многу е лошо.

Освен ако на власта ова им е дел од борбата да го намалат иселувањето и да ги задржат луѓето во Македонија? Може па, тоа се визии кои ние обичните смртници не може да ги видиме?

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извлечени лица заглавени со моторно возило на Галичица

Следно

Кога Украинците сакаа контраофанзива, САД не даваа

Latest from Blog

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на

Адвокатот Миланов за случајот Пулс: Постапката треба да запре за лицата кои не биле присутни и не биле на должност таа вечер

Родителите на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска побараа да се проверат наводите дека еден од обвинетите, кој се наоѓа во притвор во затворот во Скопје, преку телефон вршел

Стармер под притисок да поднесе оставка поради назначувањето на пријател на Епстин за амбасадор во САД

Владата на Стармер се наоѓа под притисок поради справувањето со скандалот со Манделсон. Владата беше на работ на пораз во долниот дом сè до амандманот на средината од дебатата, со кој се

Ќе се обележат околу 150 „црни“ точки на скопските улици, најави Ѓорѓиевски

Околу 150 „црни“ точки ќе бидат обезбедени за поголема безбедност во сообраќајот на улиците, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање. Тој беше прашан во врска со
Go toTop