Власта и опозицијата иницираа законски измени за продолжување на важноста на возачките дозволи

February 12, 2024
1 min read

Пред истекот на рокот на возачките дозволи, власта и опозицијата иницираа законски измени за продолжување на нивната важност. Крајната одлука ќе се носи денес во Собранието на седницата која веќе е започната.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски предлог измените ги достави до Владата и до Собранието со пратеничката група од ВМРО ДПМНЕ. Предлага промена на датумте на важност на возачките и пасошите во законите за безбедност во сообраќајот и патните исправи. Наместо до 12 февруари, предлагаат да се промени траењето на важноста до 31 декември годинава.

-Само со измена на овие два закони во делот на важност како на возачките така и на пасошите, можат да се решат проблемите на граѓаните. Никој не може да предвиди кои последици ќе бидат предизвикани во иднина од овие два закони кои се суштински. Треба пермутација на две бројки од едниот закон и од другиот закон, ова не е научна фантастика. Нема пасоши, како обрасци физички, нити има возачки дозволи во доволен број за да се задоволат потребите на граѓаните. Ова е единствено нормално и возможно системнско решение, изјави министерот на МВР, Панче Тошковски.

Од пратеничка група СДСМ најавија предлог-законски измени со кои на возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста по 12 февруари.

-Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. Во меѓувреме граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот. Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму. За овие законски решенија очекуваме поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание, изјави портпарлот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.

Итна промена на законот за безбедност во сообраќајот побара и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски. Тој кажа дека е неприфатливо македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок да менуваат документи, да бидат ставени во состојба на паника и страв дали ќе бидат казнувани при нивното учество во сообраќајот.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анџелина Манго победи на Сан Ремо и ќе ја претставува Италија на Песна на Евровизија

Следно

Сем Алтман бара инвестиција од 7.000 милијарди долари

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop