Владината мерка за испорака на јагнињата ги празни стадата, а граѓаните се соочуваат со високи цени пред Велигден

April 7, 2025
2 mins read

Според проценките на месопреработувачите, малопродажната цена на јагнешкото месо ќе надмине 660 денари за килограм – износ кој речиси се изедначува со цената на италијанскиот пазар, каде македонското јагне се продава за околу 11 евра по килограм.

Иако традиционално најголемиот дел од македонските јагниња се извезуваат во Италија, а дел и во Хрватска, годинава сточарите уверуваат дека ќе има доволно јагнешко и за домашниот пазар.

Сточарите од Полошкиот и Пелагонискиот регион се револтирани од најновата владина мерка, со која се бара 50% од јагнињата да се испорачаат во домашни кланици. Според нив, ова не само што е нереално, туку и економски ги загрозува, бидејќи минатата година дури 30% од овците не успеале да ги изнесат јагнињата, а стапката на раѓање е и натаму ниска.

Според сточарите мерката директно влијае на намалување на сточниот фонд: „Овие мерки не водат кон зголемување, туку кон намалување на стадата. Од една страна, велат дека ги зголемиле субвенциите за да ја поттикнат сточарската дејност, а од друга, ни го ограничуваат извозот и нè принудуваат да продаваме под цена“.

Сточарите бараат Владата итно да ја укине оваа мерка и да дозволи слободен извоз на јагнињата во странство, каде што откупната цена за жива мера достигнува до 300 денари по килограм, за разлика од 210–220 денари колку што нудат македонските кланици. Дополнителен проблем е што, иако откупната цена е ниска, дел од сточарите тврдат дека со години не им се исплатени парите од претходните продажби.

Според нивните пресметки реалната производна цена е 273 денари, па велат ако веќе мора да се продава за 210, државата да ја доплати разлика.

Од друга страна, пазарната слика во месарниците е сè поалармантна. Иако граѓаните велат дека едвај врзуваат крај со крај, пред Велигден килограм јагнешко се очекува да достигне и до 800 денари. „Цените се нереални. Половина јагне – најмалку 6.000 денари. Ние купуваме глави од јагниња и дробчиња, само за да замириса на трпезата, оти за цело јагне нема шанси“, вели една скопјанка.

Главчињата и внатрешните органи – кои остануваат од извозот бидејќи не се барани на пазарите во Грција, Италија и Хрватска – се продаваат од 80 до 100 денари, иако според потрошувачите и тоа е многу. Проблемот се влошува со појавата на т.н. „врзана трговија“, каде купувачите се условени да земаат и главче или дропчиња заедно со половина јагне.

„Плаќам 650 денари за килограм месо, а ми додаваат и внатрешности што не ги сакам и ми ги наплатуваат посебно. Тоа е измама“, додава истата граѓанка.

Организацијата на потрошувачи е категорична – ваквата трговска пракса е незаконска. Според член 6 од Законот за заштита на потрошувачите, строго е забрането условување на продажба на еден производ со купување на друг. „Ова е класична уцена. Но граѓаните, за жал, ја трпат и толерираат ваквата практика, иако досега никој формално не се пожалил кај нас“, велат од ОПМ.

Министерството за земјоделство признава дека е запознаено со ситуацијата и најавува дека ја разгледува можноста за ревидирање на мерката. Заменик-министерот Флакрон Беџети изјави дека мерката била донесена како реакција на злоупотреби со субвенции во минатото, но дека ќе се разгледа опцијата да се намали процентот на задолжителна испорака во домашни кланици.

„Свесни сме за загриженоста и разговараме со сточарите и со министерот. Верувам дека ќе постигнеме компромис“, вели Беџети.

Во меѓувреме, сточарите остануваат во неизвесност, а граѓаните се подготвуваат за уште еден Велигден со прескапи трпези и празни паричници.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Арнаудоски: Констатирани 18 прекршоци на чамци, продолжуваат засилените контроли во Охридското Езеро

Следно

ДРАМСКИОТ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ ЌЕ ПОЧЕКА ЗА НОВА ЗГРАДА

Latest from Blog

Вучиќ избра мандатар кој ги поддржа демонстрантите контра студентите

Српскиот претседател Вучиќ ја изненади јавноста со предлогот за нов премиер во ликот на професор Ѓуро Мацут, лекар, ендокринолог, досега непознат за јавноста. На изборот на Мацут како мандатар за новата влада

29 годишниот Александар Гавриловски е 61 жртва од пожарот во Кочани

Трагедијата во Кочани зеде уште една жртва. Дваесет и девет годишниот Александар Гавриловски претпладнево ја загуби битката за живот. Од министерството за здравство велат дека поради тешките повреди тој итно бил транспортиран

Тоти и покрај критиките пристигна во Москва, го чека сума од шест цифри (ВИДЕО)

Легендата на Рома, Франческо Тоти денеска пристигна во Москва и покрај критиките кои беа упатени на негова адреса. Минатиот месец, Франческо Тоти се најде на удар на италијанската јавност откако беше објавено

Протести во Дамаск поради израелските напади врз Палестинците

ДАМАСК (АА) – На плоштадот „Омејади“ во Дамаск, Сирија, денес се одржа протест поради продолжените израелски напади врз Палестинците, јавува Анадолу. Граѓани од различни делови на сириската престолнина се собраа со палестински
Go toTop