Владина делегација предводена од Николоски во Лондон за договорот за стратешкото партнерство

May 21, 2025
2 mins read

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска и утре е во посета на Обединетото Кралство каде што ќе биде потпишан договорот Влада со Влада во рамки на договорот за стратешкото партнерство меѓу двете земји со кој Македонија добива историски најголем обем на средства за реализација на капитални проекти од шест милијарди евра.

Посетата на Николоски е на официјална покана од британската влада, а следи откако Владата вчера го усвои Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. 

Во владината делегација која ќе ја предводи Николоски се и потпретседателот на Владата и министер за животна средина Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска, директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски. 

Со договорот што ќе се потпише целта е да се воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација и други критични сектори во Република Македонија.  Планираните проекти со договорот се изградба и реконструкција на железничкиот Коридор 10 од Табановце до Гевгелија кој се проценува дека ќе чини  до две милијарди евра, а околу 200 милиони евра би чинела изградбата на Клиничката болница, Медицинскиот факултет и Студентскиот дом во Штип, целосната реконструкција на Клиничката болница во Тетово како и изградбата на нова болница со нов здравствен дом во Кичево. 

Според агендата, Николоски денеска ќе се сретне со Дејм Анџела Игл, министер за гранична безбедност и азил во британското Министерство за внатрешни работи со одговорност за справување со нерегуларната миграција, а ќе има средби и со претставници од Инструментот за финансирање. Утре е главната церемонија на потпишување на меѓувладиниот договор. Параф на документот ќе стават вицепремиерот Николоски и Герет Томас, министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија во Обединетото Кралство. Предвидено е тој да оствари средба и со директорот на авикомпанијата Рајанер од каде што очекува да произлезат и нови летови кон Скопје. 

Николоски оцени дека потпишувањето на меѓувладиниот договор претствува историски момент затоа што се работи за досега најобемен договор кој Македонија го постигнала со држава, која е клучен западен сојузник а воедно и светска велесила.

– Тоа не е која било држава, тоа е втората светска сила, држава со која имаме одлична соработка во рамки на НАТО Алијансата, дел е од западната цивилизација, става на располагање најмногу средства и за мене е наважен политичкиот момент бидејќи влегуваме во партнерство со клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на Владата, но исто така и позицијата на Македонија како прозападно ориентирана држава и држава која ги почитува евроатланските вредности. Исто ми е драго што Обединетото Кралство објави дека постигнале договор со ЕУ, што значи дека во еден пакет ги имаме трите клучни сојузници на Македонија, тоа е ЕУ, Обединетото Кралство и САД, истакна вицепремиерот Николоски.

Николоски вчера соопшти дека е многу значајно што согласно со Договорот ќе  се разменуваат знаења и практики користејќи експертиза од Владата на Обединетото Кралство и од британски деловни субјекти за подршка на реализација на проекти но исто така и на трансформација на јавната администрација и приватниот сектор со експертиза од бизнис заедницата од ОК  но и од владините агенции.

-Оваа соработка ќе биде во согласност со важечкото законодавство, правилата и политиките на секоја од двете земји. Учесниците ќе работат заедно да ги истражат можностите за мобилизирање средства за финансирање на проекти и што е многу значајно, Владата на Обединетото Кралство го потврдува интересот и капацитетот преку Инструментот за финансирање на извозот или УКЕФ, со што става на располагање 5 милијарди фунти или 6 милијарди евра за реализација на проекти во Македонија, рече Николоски кој потенцира дека финансирањето ќе оди исклучиво со реализација на проекти во рамки на сумата која е на располагање.

Според него, условите за враќање и каматните стапки за средствата од договорот ќе бидат подобри од кое било досегашно позајмување. Финансирањето ќе биде врзано со проектот. Кај некои проекти рочноста ќе е пократка, кај некои ќе е подолга, ќе зависи од кондицијата на македонската економија и буџет, но исто така и од реализацијата на проектите, рече Николоски.

Во однос на каматните стапки посочи дека „иницијално можно е да се движиме и под стапката на инфлација“, но деталите ќе бидат кажани за месец, до месец и половина.

Премиерот Христијан Мицкоски и британскиот премиер Кир Стармер минатата недела на средбата одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана,  постигнаа согласност за договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Британија кој се оценува како историски, а ќе значи уште посилна билатерална  соработка и можност за зајанување на политичкиот дијалог.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Турскиот претседател Ердоган отпатува во Унгарија за да присуствува на самитот на Организацијата на туркиски земји

Следно

Рубио предупредува дека преодната влада на Сирија е на работ на колапс

Latest from Blog

Муцунски на средби во Стразбур: Потврдена посветеноста на Македонија кон демократијата и човековите права

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска остварил одвоени средби со генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу,

Фудбалски спектакл во Битола: Македонија и Италија U21 на „Петар Милошевски“

Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е целосно подготвен да го пречека вечерашниот спектакл меѓу младите репрезентации на Македонија и Италија до 21 година. Натпреварот започнува во 18:15 часот и се очекува голем

Ремзи остана без зборови од цените на храната во Франција: „Не сум скржав, но што по ѓаволите?“

Ремзи често нагласува дека неговите јадења се фокусираат на квалитет и вредност и често дава совети за нарачка и добивање вредност за парите. Но, се чини дека еден француски ресторан добил контрапрепорака.

Високото образование – стратешки приоритет за Чаир, порача Меџити

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, како и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека високото образование претставува стратешки приоритет кој го гарантира развојот на општеството, иновациите и
Go toTop