Владиката Наум во сослужение со грчкиот митрополит Дамаскин отслужи божествена литургија во Дидимотихо

March 6, 2023
1 min read

Митрополитот Струмички Наум вчера на Неделата на Православието, отслужи Божествена литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица Ослободителка“ во грчкиот град Дидимотихо, во сослужение на надлежниот архиереј Дамаскин, митрополит на Дидимотихо, Орестијада и Суфли, објави Твиериопол.мк.

На веб страницата на Митрополијата на Дидимотихо, Орестијада и Суфли, пак, е објавено дека сослужувањето на двајцата архиереи Дамаскин и Наум „е плод на евхаристиската заедница со Охридската архиепископија (Северна Македонија) возобновена во мај 2022 година од страна на Вселенската патријаршија и ја покажува можноста Православието да ги надмине поделбите и расколите и под водство на Светиот Дух да го негува единството на помесните цркви“.

Владиката Наум, претходно на 2 и 3 март, заедно со митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј, беа на поклонение на светињите во Вселенска патријаршија. Митрополитите Наум и Тимотеј беа примени и од вселенскиот патријарх Вартоломеј, а на негова покана, присуствуваа и на првиот официјален прием на новиот Кипарски архиепископ Георгиј. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Амнести интернешнел повика на акција против влошената состојба со човековите права во Авганистан

Следно

Вучиќ со странски претставници на маргините на конференцијата на ОН во Доха

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период

Влада на Косово: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме критиките

На „Фејсбук“, Криезиу истакна дека Косово е „најсериозен партнер на САД за стабилност и мир во регионот“. Тој додаде дека Владата, по првпат од прогласувањето на независноста, го исполнила мандатот, придонесувајќи за
Go toTop