Владата се согласила на огромни пенали кон „Бехтел и Енка“ ако не се обезбеди поголема работна недела – вели Николоски од ВМРО-ДПМНЕ

April 10, 2023
2 mins read

Повикувајќи се на одредби од договорот меѓу Владата и американско-турскиот конзорциум, Николоски рече дека ако во рок од 45 дена од неговото потпишување не се обезбеди поголема работна недела, Владата презела обврска еднократно да ѝ исплати на ‘Бехтел’ 53 милиони евра пенали, потоа секој месец да доплаќа по уште 1 265 000 евра на веќе постојните трошоци и на ова дополнително да плаќа по уште 900 000 евра секој месец

Ако работната недела не се зголеми од 40 на 60 часа во период од 45 дена од потпишувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д, Владата се обврзала да му плаќа огромни пенали на американско-турскиот конзорциум.

Ова во вечерашното гостување на ТВ Сител го објави потретседателот на опозииската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој кажа дека имал увид во договорот што Владата го потпишала со „Бехтел и Енка“ и дека ова ексклузивно го соопштува јавно.

Повикувајќи се на договорот, Николоски рече дека ќе се плаќаат пенали по три основи доколку времетраењето на работната недела не се смени во рок од 45 дена од потпишувањето на договорот.

„Прво, државата еднократно ќе ѝ исплати на ‘Бехтел’ 53 милиони евра пенали. Понатаму, секој месец ќе доплаќа по дополнителни 1 265 000 евра на веќе постојните трошоци коишто треба да се платат во договорот. На ова дополнително ќе треба да се платат уште 900 000 евра секој месец“,

рече Николоски.

Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека Владата се обврзала и на тоа за секоја делница да се даваат по дополнителни шест месеци рок на изградба, со што, рече Николоски, тие пет години во коишто беше споменувано дека ќе се завршат делниците, значи дека ќе станат седум и пол години.

Ја повика власта да каже дали ваквите наводи се точни, иако повтори дека се точни зашто имал увид во договорот.

Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д Владата го потпиша на 8 март годинава, па досега се поминати 33 дена.

Пратениците денеска ја усвоија потребата од носењето на измените на вкупно осум закони по скратена постапка и тоа – за земјоделско земјиште; за експропријација; за урбанистичко планирање; за минерални суровини; за работни односи; за шумите; за градење, како и на законот за утврдување јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридорот 10-д.

Работниците ќе работат неограничено прекувремено

Со предлогот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, власта повторно сака да издејствува работниците што ќе бидат ангажирани на изградбата на коридорите да работат повеќе од 40 часа неделно. Ваков обид Владата имаше преку специјалниот законот за изградба на делници од коридорите 8 и 10-д, кој предвидуваше работно време од 60 часа неделно. Имено, стануваше збор за член 12 со кој се регулираше дека работното време на работниците ангажирани за изградба на коридорите „може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината”. Лани во март уставните судии овој член од Законот го оценија како неуставен и го укинаа.

Сега, пратениците од власта предлагаат прекувремената работа на работниците во случаите кои се од национален и стратегиски интерес, како што е проектот „Бехтел и Енка“, да може да трае подолго од пропишаните осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно, со претходна согласност на работникот. Истовремено, не се наведува колку е новата граница за прекувремена работа, што значи дека нема ограничување колку часови дополнително може да работи еден работник.

Меѓу законите за кои беа предвидени измени беше и Законот за заштита на културното наследство по скратена постапка. Сепак, по многубројните реакции во јавноста, пратениците од власта на денешната седница во Собранието ја ги повлекоа предложените измени за овој закон.

Сите осум предлог-законски измени кои се најдоа на дневниот ред на денешната итна собраниска седница се поврзани со изградбата на автопатските делници од споменатите коридори кои ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Предлагачи на измените и дополнувањата по скратена постапка се пратеници од СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Финалето на македонскиот фудбалски Куп во Струмица

Следно

Д-р Тахир за МИА: Пациентите се најмалку виновни за нашата незавидна состојба во општествениот систем

Latest from Blog

Студија: Глобалниот животен век се врати на нивото пред пандемијата на Ковид-19

Глобалниот животен век во 2023 година се врати на нивото забележано пред пандемијата на Ковид-19, зголемувајќи се на 76,3 години за жените и 71,5 години за мажите, според долгогодишната студија за смртноста

Мантил кој треба да го имате оваа есен: Бојата е брутално добра, а најдобро од сè, ве прави да изгледате послаби

Оваа есен е совршена можност да го освежите вашиот гардеробер и да внесете доза на оригиналност во вашиот изглед. Freepik Новите модни трендови го трасираат патот на темнозелен мантил – нијанса која

Удар за Курти: Ја изгуби Јужна Митровица и во Приштина – нема мнозинство

Албин Курти ги загуби локалните избори во Косово и Метохијa Јужна Митровица и Приштина. Кандидатот на Албин Курти, актуелниот министер Фатон Пеци, загуби во изборната трка бидејќи Аријан Тахири од Демократската партија

Романците во „фото-финиш“ ја победија Австрија, Данска ја „преслуша“ Грција

Данска, Хрватска и Полска без поголеми проблеми дојдоа до планираните победи во вечерашните квалификациски дуели за пласман на светското првенство. За разлика од нив, селекцијата на Романија со гол во последната минута

Николоски: Пецаков ќе има историски најголема победа, реализираше бројни проекти и покрај тоа што три години имаше опструкции

,,Во Охрид ќе имаме историски најголема победа на 19. октомври, Кирил Пецаков реализираше бројни проекти и е првиот градоначалник на општината што има далеку поголема поддршка за разлика од првиот пат кога
Go toTop