Владата пресече и овозможи на Град Скопје да му се позајмат дел од нафтените резерви на државата

November 21, 2024
1 min read

Насилството е работа која Левица ја посакува во недостаток на нормална дискусија и аргументи. И народот и пратениците не треба да наседнуваат на тоа, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Ова е договор меѓу Левица, СДС и ДУИ. Да се одвлекува внимание од суштински работи и аргументирана дискусија. Ова е план на Левица со СДС и ДУИ за провоцирање во недостаток на аргументи за да можат да спинуваат. Такви беа првите пратенички прашања така и сега. Не смее да се паѓа на провокации кои се единствена алатка на ограничени и нецивилизирани умови. Насилството и провокациите се единствениот начин на опозициските партии да свртат внимание кон себе. ВМРО ДПМНЕ со жалење и разочарување гледа на денешниот инцидент осудувајќи ги намерите на поедини пратеници од опозицијата да предизвикаат инцидент. Македонија е посилна од нивните замки и погубно и нецивилизирано однесување. Што се однесува до однесувањето на некои пратеници од владејачката коалиција ВМРО ДПМНЕ иако ја сфаќа реакцијата не се согласува дека треба да се наседнува на овие смислени провокации од циркузанти кои не знаат како поинаку продуктивни и конструктивно да создаваат за државата и народот и да се има цивилизирана дискусија со нив, туку се склони кон егзибиционизам и претворање на политиката во циркус, а тие самите себе си во кловнови. Сето тоа можеби некому му е интересно и забавно, но сепак сите се свесни за какви непредвидливи и нестабилни личности се работи, чија основна цел е деструкција наместо проекти и подобар живот. Сега таквите кловнови одлучиле да им бидат измеќари на СДС и ДУИ и тоа е нивен избор, но на сите им е јасно дека таквите луѓе никој не може да ги смета за сериозни и да им ја довери својата иднина. Секогаш кога СДС се во паника на тастер ја пуштаат пудлицата и насилникот Апасиев да навредува пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, истакна Петрушевски.

Апасиев денеска вреѓаше семејства и деца на пратеници. Нема потреба од повеќе зборови, доволно е граѓаните да го погледнат следното видео и да го видат примитивизмот на СДС и Венко Филипче преку неговата пудлица и насилник Апасиев, додава Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈО: Дадени се насоки на управата за финансиска полиција да се испитаат постапките за јавни набавки за горивото за ЈСП

Следно

Владата пресече и обезбеди нафта за автобусите на ЈСП, Скопјани можат да бидат мирни

Latest from Blog

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е
Go toTop