Владата најави разрешување на целото раководство на М-НАВ и ревизија на досегашното работење

January 4, 2024
1 min read

Покрај одлуката за разрешување на целото раководство на М-НАВ, како исход од владината седница зажана за во вторник идната недела се очекува и повик до надлежните институции за целосна ревизија на досегашното работење на оваа институција

По последните случувања во Македонската навигација, кои ескалираа со денешниот упад во институцијата и напад на тројца вработени, Владата најави дека на наредната седница ќе биде предложена и донесена одлука за разрешување на целото раководство како и на сите членови на Управниот одбор на М-НАВ.

Седница на Владата / Фото: Архива

На наредната владина седница, која е закажана за вторник, 9 јануари, покрај одлуката за разрешување на актуелната раководна постава на М-НАВ, се очекува да биде донесена одлука за отворање итна постапка за избор на нови членови на раководството и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.

Иницијативата за ваквите одлуки, кои се очекува да бидат исход од следната владина седница, е на премиерот Димитар Ковачевски, во консултација со министрите за одбрана и за транспорт и врски Славјанка Петровска и Благој Бочварски.

„Воедно, претседателот на Владата ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авиосообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ“,

се наведува во владиното соопштение испратено доцна вечерва.

Денеска во просториите на Македонската навигација упаднаа неколку непознати лица, кои, според пријавата што стигнала во МВР, заедно со еден од вработените нападнале тројца други вработени во институцијата.

Упадот следеше непосредно откако претседателот на Синдикатот на контролорите на летање, Александар Тасевски, одржа прес-конференција на која информира дека членовите на Синдикатот се под засилен притисок од менаџментот на М-НАВ поради негодувањата на синдикалците за последниот оглас за вработување.

Едно од лицата кои упаднаа во просториите на М-НАВ, според информациите кои ги објави ТВ Алсат, е претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири.

Од полицијата не го потврдуваат идентитетот на напаѓачот, но соопштуваат дека нападот го извршило лице со иницијали Б.Н. – вработено во институцијата. Алсат потсетува дека Незири, своевремено, беше и член на Управниот одбор на Македонската навигација, како и министер за економија. Според сознанија на „360 степени”, Беким Незири сè уште е вработен во М-НАВ.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Османи за учеството на Самоопределување: Ќе го легитимира и учеството на Србија и Бугарија на изборите

Следно

Салиу: Во моментот на упадот во М-НАВ имало два авиони од Турција на небото над Скопје

Latest from Blog

САКАЛ ДА СЕ БАЊА ВО БАЗЕН, ПА СЕГА ПЛИВА ВО ЗЛАТО Французин во својот двор открил златни прачки и монети

Французин открил богатство вредно речиси 700.000 евра додека копал базен во својата градина, а властите му дозволиле да остена кај него бидејќи оцениле дека е легално стекнато. Тој пронашол „5 златни прачки

Почина „Живата Барбика“ – поминала низ 27 операции за да личи на славната кукла (ФОТО)

Веста за нејзината смрт ги шокира милионите луѓе низ целиот свет, особено нејзините следбеници кои со години ја следеа нејзината трансформација и јавниот живот. Според странските медиуми, полицијата започнала истрага за околностите

За ЕУ интеграцијата на Западен Балкан на средбите на Калас со Мицотакис и Герапетритис во Атина

Ако ја погледнеме мапата, ова е местото каде што припаѓаат. И треба да си ја завршиме домашната задача, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по

Белингам се врати во репрезентацијата на Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел ќе го врати Џуд Белигнам во националниот тим за претстојниот квалификациски прозорец. Белингам беше изоставен од составот минатиот месец, а Тухел инсистираше дека играчот
Go toTop