Владата на Газа соопшти дека израелските тенкови се повлекуваат од главниот автопат по краткиот упад

October 30, 2023
1 min read

ГАЗA (АА) – Израелските тенкови се повлекоа од главниот автопат Салах ал-Дин во градот Газа по краткиот упад, соопшти денес Владата во Појасот Газа, пренесува Анадолу.

„Нема израелски тенкови на автопатот Салах ал-Дин и животот се нормализира“, се вели во соопштението на владината Канцеларија за медиуми.

Претходно очевидци за Анадолу изјавија дека израелските тенкови се пренесени синоќа од градот Јухор Ад-Дик во источниот дел на Појасот Газа до автопатот Салах ал-Дин, југоисточно од градот Газа.

„Упадот се совпадна со тешко артилериско гранатирање и воздушни напади“, велат тие.

„Окупацијата се обидува да прикаже нереална слика за присуството на нејзините сили во Газа, но тие не може да останат на територијата под ударите на отпорот“, соопшти Канцеларијата за медиуми.

„Нема копнен упад во станбените населби во Појасот Газа“, се додава.

Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, денес изјави дека армијата „постепено напредува“ во Газа.

„Ние спроведуваме проширена копнена операција во Појасот“, изјави тој за новинарите.

Израелската армија во петокот ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни воздушни напади од ненадејната офанзива на Хамас на 7 октомври.

Во конфликтот загинаа речиси 9.500 луѓе, меѓу кои 8.005 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одземени шест возила на територија на СВР Охрид поради сомнение за фалсификат, следуваат кривични пријави

Следно

Негувателка во градинка во Велес им овозможила на деца да користат електронска цигара

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop