Владата ќе ја прифати минималната плата што ќе ја договорат работодавачите и работниците

March 6, 2025
1 min read

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска останува на ставот дека Владата ќе прифати онолкава минимална плата во државава колкава што ќе договорат работодавачите и работниците.

-Не знам зошто има коментари дека сме биле во судир со синдикатите во однос на минималната плата. Бев многу јасна и кажав – ќе се договорат работодавачите и работниците колку едните можат да испорачаат, а колку другите можат да платат, а за нас ќе биде прифатливо сето тоа што ќе го договорат. Имаат дијалог меѓу себе и што ќе прифатат таму ние сме должни да го обезбедиме, а особено како Министерство за финансии, потенцира Димитриеска Кочоска во одговор на прашање по денешното потпишување Меморандум за соработка со Економскиот факултет во Скопје.

Не би дискутирала понатаму, додаде, да оставиме на дијалогот помеѓу двете страни.

-Што ќе договорат како министер за финансии ќе го почитувам, рече Димитриеска Кочоска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет од Скопје

Следно

Агрон Речи: Кривичната пријава против мене е отфрлена бидејќи немаше докази дека сум сторил кривично дело

Latest from Blog

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО НА НЕТАНЈАХУ ЗА КОРУПЦИЈА! Војните како спас од судска пресуда

Долготрајното судење за корупција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе продолжи во недела, изјави портпаролот на судството во четврток, неколку часа откако Израел ја укина вонредната состојба воведена поради војната против Иран.

Николоски: Инфраструктурата е основа за развој – Коридорите 8 и 10 како приоритет за економската и безбедносна стабилност на државата

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, изјави дека Македонија треба да се приклучи на иницијативата на САД „Три мориња“ поради геостратешкиот интерес на државата. Тој нагласи дека Коридорите 8
Go toTop