Владата ја одржа 11. седница

March 19, 2024
1 min read
Владата на Република Северна Македонија донесе одлука со којашто се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата.
Со Одлуката се намалуваат коефициентите на платите на именувани функционери во Владата, национални координатори и други функционери, на директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, на директори и други именувани лица на самостојни органи на државната управа, на раководни лица во управни организации, агенции, фондови и други правни лица основани со посебни закони, на казнено-поправни установи.
Денеска донесената владина Одлука за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата, нема да предизвика дополнителни финансиски импликации на Буџетот на државата.
Станува збор за усогласување на коефициентите на именуваните лица од страна на Владата согласно Законот за изменување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/24), којшто предвидува промена на коефициентите по коишто се пресметува платата на избраните и именуваните лица.
Владата ја разгледа Информацијата во однос на Извештајот на МВР што се однесува на околу 100.000 лица со истечени документи, доставен на барање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, а со цел да се разгледа можноста околу реализација на нивното гласачко право на претстојните претседателски и парламентарни избори.
Владата донесе заклучок, МВР, до следната седница на Владата да достави прецизни информации на колкумина од овие лица им се веќе истечени или ќе им истечат личните документи во периодот од девет месеци до денот на изборите на 24 април 2024 година, односно до денот на изборите на 8 мај 2024 година. Заклучокот, како што посочи премиерот Џафери, произлегува од последните измени и дополнувања на Изборниот законик, во делот на преодни и завршни одредби, членот 38, каде што е дадена можноста во 2024 година овие лица да може да се внесат во избирачки список.
 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нетанјаху го одби барањето на Бајден, ќе го нападне последното засолниште на милиони Палестинци

Следно

„Спотифај“ минатата година платил девет милијарди долари за авторски права за стриминг

Latest from Blog

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од
Go toTop