Владата и МОН ги имаат завршено сите процедури за учебниците, вели премиерот

October 13, 2023
1 min read

реклама

Владата и Министерството за образование сите процедури околу новите учебници за учениците ги имаат завршено уште во текот на првите месеци на летото, истакна премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска при посетата на фирмата „Мако маркет“ во Скопје даде одговор на прашањето зошто дел од учебниците не се дистрибуирани до учениците и дали министерот за образование треба да сноси одговорност.

– Сите оние книги коишто се добиени од автори, од националната комисија за одобрување на учебници веднаш одат во процес на печатење. Оние што не биле подготвени тие и не можат да бидат испечатени, бидејќи МОН не ги пишува книгите и не ги одобрува. Тоа го прави независна финална комисија. Најголемиот дел од учебниците се испечатени, се дистрибуирани, дел се прави и за викенди. Значи, еден учебник, не би го кажувал предметот, каде меѓу себе конкурираа четири автори и кои согласно со законски процедури требаше комисијата да избере еден од авторите учебник и целата таа процедура е таму регулирана, а не во Владата, вели Ковачевски.

реклама

Премиерот забележа дека  министерот за образование и наука  и како што вели кој било министер, не е задолжен за пишување на книгите.

-Книгите се пишуваат од страна на автори, се рецензираат и се одобруваат од национална комисија за книги која што е независна во делот на пишувањето на книгите, бидејќи ние не можеме да имаме политичко мешање во пишување на книги. Не може да има идеолошка обоеност во пишување на книгите. Тоа е секогаш независно од страна на автори, рецензенти и национална комисија која што ги пишува книгите, така што во тој дел МОН го има завршено се она што е потребно, вели Ковачевски.

реклама

Тој додаде дека  учебниците мора да бидат напишани од страна на автори и најголемиот дел од учебниците се доставени.

– Секој ден се зборува за различна бројка на ученици колку се доставени или не, меѓутоа најголемиот дел веќе се доставени, освен неколку учебници коишто се однесуваат на едно одделение во текот на наставната програма, рече Ковачевски. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Авионот на „Ер Србија“ евакуираше граѓани на Македонија, Црна Гора и Албанија од Израел

Следно

Многу лесно може да избувне втора војна во Европа

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop