Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски

February 25, 2025
1 min read

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, информираат од Владата за МИА.

По завршување на владините прцедури истиот ќе биде испратен до Советот за јавни обвинители од каде согласно законските рокови Советот треба да испрати мислење во рок од 15 дена.

Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години.

Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од  50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител.

– Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство, беше соопштено од Министерството за правда.

Државниот јавен обвинител, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе.

Републичкиот обвинител Коцевски го демантира тврдењето дека незаконски постапил посочувајќи дека го следел законот и роковите во него. Тој изјави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до Советот на јавни обвинители. Во однос на барањето на премиерот Христијан Мицкоски да ја напушти функцијата, Коцевски рече дека ќе одговори откако ќе ги види основите предвидени во Законот за јавно обвинителство. Доколку се утврди дека навистина има тешка дисциплинска повреда, тој рече дека сам ќе се повлече од функцијата.

Премиерот Мицкоски во изјава за медиумите кажа дека постапката може да трае неколку недели или месеци, согласно законот.

Одговарајќи на новинарски прашања за тоа дали на денешната владина седница ќе се разгледа и прифати предлогот за разрешувањето на Коцевски, појасни дека Владата не може да го разреши, туку може само да ја отпочне постапката.

-Апсолутно не можеме ние како Влада да го разрешиме, туку можеме да ја отпочнеме постапката. Како што имам информација треба да се испрати дописот до Советот на јавни обвинители, па таму во рок од 15 дена да чекаме мислење. Оваа процедура ќе потрае, нема да заврши инстант брзо. Таков е законот, рече Мицкоски.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонија има 9.900 лиценцирани лекари

Следно

Украдената картичка им донесе 500.000 евра – сопственикот им нуди договор

Latest from Blog

И 41-от обид за конституирање на собранието на Косово заврши неуспешно

Конститутивната седница на собранието на Косово денеска беше прекината по 41-ви пат, откако повторно не беше усвоен предлогот на Самоопределување гласањето за избор на претседател на собранието да биде тајно. Демократскиот сојуз

Швајцарска нуклеарна централа целосно исклучена поради жешко време

Повеќе од 50 години старата швајцарска нуклеарна централа Безнау, лоцирана близу германската граница, го исклучи својот втор реактор поради високите температури. Исклучувањето нема никаква врска со безбедноста на реакторите, туку е поврзано

Една година Министерство за дигитална транформација

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски  одржа брифинг со новинарите по повод една година од формирањето на министерството. Андоновски ги презентираше постигнувањата на министерството во изминатата година, а се презентираа и плановите

Турција најостро го отфрли повикот на израелските претставници за анексија на Западниот Брег

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција денес ги отфрли „на најостар начин“ изјавите на израелските политичари и министри од Кабинетот што повикуваат на анексија на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу. Ваквите изјави се јасен

Вознемирувачко ВИДЕО од местото каде што загина Диого Жота: Погледнете што останало од автомобилот

Ужасна вест ја вознемири фудбалската јавност, откако Диого Жота (28) , фудбалер на Ливерпул и репрезентативец на Португалија, загина во сообраќајна несреќа, заедно со неговиот брат Андре Силва (26). Тие биле на
Go toTop