Владата ги замрзна цените на тестенините и млечните производи: Намалувања за 15 и 10 отсто

March 10, 2023
1 min read

Макароните и шпагетите ќе поевтинат за околу 8-9 денари, вели премиерот Ковачевски

За 10 отсто ќе се намали и цената на белото сирење, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот – цените на млечните производи, според владината одлука, се утврдуваат намлувања на цените кои се применувале на 1 март 2023 година

Владата донесе одлука да ги замрзне цените на тестенините и на млечните производи со што тие ќе се намалат за 15 односно 10 отсто, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничка прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши.

Оваа одлука ќе се применува од 16 март 2023 година до 31 мај 2023 година.

Од тестенините конкретно станува збор за макароните и шпагетите, а намалувањето на нивните цени ќе биде за околу 8-9 денари.

„Се замрзнува односно намалува цената на тестенините кое намалување се предлага да биде за 15 проценти на цената која се применува во трговијата на мало на 1 март 2023 односно во просек за околу 8 до 9 денари. Се работи за тестенини односно макарони и шпагети. Исто така, се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие производи за период од 13 март 2023 до 31 мај 2023“,

рече Ковачевски.

Цената на млечните производи се замрзнува односно се утврдува намалување на 10 отсто ан цените кои се применувале на 1 март.

„Се замрзнуваат и цените на млечните производи и тоа трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урдата; кравјото бело сирење и мешаното бело сирење; кравји кашкавал – со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан; киселото млеко; павлаката и јогуртот без додатоци. Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година во трговијата на мало кои цени се намалуваат за 10 проценти“,

наведе премиерот.

Што значи ваквата мерката, со сликовит пример на прес-конференцијата објасни министерот за економија Крешник Бектеши.

„Цените од 1 март се референца на намалувањето кое е минимум и кое треба да се направи. На пример, ако цената на 1 март во малопродажба на одреден производ била 80 денари, на 16 март треба да биде максимум 72 денари, што е намалување за 10 отсто. Верувам дека има такви компании кои се општествено одговорни и имаат простор да ги намалат своите профити и да одат подолу со намалувањата“,

рече Бектеши.

Министерот рече дека ако има желба од производителите намалувањето да биде и 20 отсто во наредните денови, тогаш како Влада ќе седнат со нив и ќе разговараат како да им се излезе во пресрет за тие дополнителни 10 отсто намалување.

Ова е второ замрзнување на цените годинава. Претходно, на владина седница на 28 февруари беше одлучено да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб со тежина од 450 грама и повеќе на максимални 33 денари.

Исто така, поради тоа што претходно не ги намалија цените, беше укинато субвенционирањето односно повластената тарифа на струјата за производителите на основни прехранбени продукти.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пентагон забрани споделување докази со Хаг за руски воени злосторства

Следно

Скопјанец не може да докаже дека е жив поради неговиот брат близнак

Latest from Blog

Божиновска: Македонија влегува во инвестициски циклус од 5,7 милијарди евра во енергетиката

СКОПЈЕ – Македонија влегува во нов циклус на енергетски инвестиции, кои се  вклучени во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Вкупниот потенцијал за инвестирање е 5,7 милијарди евра,

Собрание: Јавна расправа за употреба на АИ

Во Собранието денеска се одржуваат повеќе активности и собраниски работни тела. Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе одржи неформален седмичен брифинг со новинрите, а членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство,

Кубанците го откажаа годишниот фестивал на пури

Организацискиот комитет на Фестивалот дел Хабано објави дека овогодинешното издание, кое требаше да се одржи кон крајот на февруари, е откажано. Одлуката е донесена поради „сложената економска ситуација“ со која се соочува

Какво ќе биде времето утре и во следните денови?

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -1
Go toTop