Влада Урошевиќ го доби „Златниот венец“, свечено затворени Струшките вечери на поезијата

August 27, 2023
1 min read

Годинешното беше 62 издание на меѓународниот поетски фестивал

Македонскиот поет Влада Урошевиќ вечерва и свечено стана годинешен лауреат и добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. Добитник на наградата „Мостови на Струга“, за најдобро дебитантско дело, е Гевин Бредли од Северна Ирска. Наградата „Браќа Миладиновци“, пак, му беше врачена на Димитар Башевски.

Од Националната установи соопштија дека вечерта била заокружена со интернационалното читање „Мостови“.

„Настапија бројни странски и домашни автори. Читањето беше прекинато поради дождот, меѓутоа за кратко време поетите се вратија на сцената“,

соопштија од Струшките вечера на поезијата.

„Струшки вечери на поезијата“ (СВП), годинава се одржува од 24 до 28 август под мотото „Чувствотворен јазик“. Настапија повеќе од 25 странски и 40 домашни поети од различни генерации.

„Во рамки на програмата во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид се одржа поетски портрет на лауреатот на наградата „Златен Венец“, Влада Урошевиќ.

На истата локација се одржа и свечен настан по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов, чие чествување се одбележа и со изложба на фотографии поврзани со неговото учеството на „Струшките вечери на поезијата“ и неговиот придонес за основањето и развојот на фестивалот“,

соопштија од СВП.

Утре е последен фестивалски ден. Ќе биде одбележан со поетско читање „Поезија на пат“, во домот на културата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево. Фестивалот официјално ќе заврши со Меѓународен поетски митинг пред Музејот на современа уметност во Скопје.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Врачени наградите на 62. „Струшки вечери на поезијата“

Следно

Фрлени цигли врз автобусот на Астон Вила

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop