Влада: Тимови на ДПИ го контролираат спроведувањето на одлуката за цените на училишниот прибор

August 15, 2025
1 min read

 Тимовите на Државниот пазарен инспекторат од денес на терен ги контролираат правните субјекти  дали се придржуваат до одредбите на владината одлука со која ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10% во трговија на големо и 15% во трговија на мало, а која ќе важи од денес 15.08.2025 година до 15.09.2025 година.

Согласно одредбите на Одлуката, правните субјекти се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година,  цена која се зема како базична и на која се утврдува намалувањето. Потоа, пред влезот во продажниот објект или на друго истакнато место треба да биде јасно и видливо истакнат плакат со формат од најмалку А3, кој ќе содржи натпис ,,Помалку трошоци, повеќе за тебе”, како и натпис: ПОПУСТ НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР, од најмалку 15%.

Тимовите на Државниот пазарен инспекторат во наредниот период ќе ги контролираат правните субјекти на целата територија на државата и ќе постапуваат согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, каде казните се движат од 800 до 10.000 евра во зависност од големината на субјектот, а за целосно не почитување на одлуката предвидена е мерка – привремена забрана за вршење на дејност од 15 дена.

Апелираме до трговците да се придржуваат до одредбите на владината Одлука.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР и „Службен весник“ со автоматска размена: побрзо прогласување на неважечки лични документи

Следно

Шеесеттина слависти на 58. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop