Влада: Пренамена на две милијарди денари за реализација на 66 проекти во најголем дел од општините

December 14, 2023
1 min read

реклама


Одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари за реализација на 66 проекти во најголем дел од општините донесе Владата на денешната седница.

-Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари коишто ќе бидат насочени за реализација на 66 проекти во најголем дел општини низ целата држава, меѓу кои Град Скопје,  Центар, Ѓорче Петров, Сарај, Аеродром, Охрид, Македонски Брод, Битола, Крива Паланка, Штип, Липково, Кичево, Валандово, Струмица, Росоман, Дојран, Берово, Делчево, Желино, Гостивар и други, соопштија попладнево од владината прес-служба.

реклама

Предвидено е овие средства да бидат наменети за реализација на проекти со коишто ќе им се излезе во пресрет на граѓаните како изградба и доградба на образовни и здравствени институции, спортски објекти, инфраструктурата, како и проекти од областа на заштитата на животната средина.

-Од проектите во делот на патната инфраструктура, вкупно 360 милиони денари од Министерството за транспорт и врски ќе се доделат на Град Скопје за изградба на булевар „Хасан Приштина“ во населбата Визбегово. Меѓу поголемите проекти, Министерството за транспорт и врски ќе пренамени 110 милиони денари за реконструкција на улица „8 Септември“ во Горно Оризари, Битола. Средства ќе бидат наменети и за довршување на мостот „Љубљанска“ во Скопје. Министерството за образование и наука пренаменува 100 милиони денари за доградба и надградба на ООУ „Блаже Конески“ во општината Аеродром, а со средства од ова министерство планирана е изградба на ОУ „Климент Охридски“ во село Драчево и изградба на ново основно училиште „Крсте Мисирков“ во Сингелиќ, Општина Гази Баба, се појаснува во соопштението.

реклама

Со средства од Министерството за образование и наука, како што е наведено во соопштението, ќе се гради спортска сала во ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец, Охрид, како и реконструкција и адаптација на простор за нова училишна зграда за потребите на ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид.
 
Со средства од Министерството за труд и социјална политика во износ од 60 милиони денари ќе се гради нова детска градинка со капацитет за 100 деца во рамки на ЈОУДГ „Росица“ во Стопански двор во Општина Ѓорче Петров. Предвидени се и доградби и надградби и на детски градинки во Општина Аеродром.
 
Во Прилеп, со средства од Министерството за животна средина и просторно планирање во износ од 90 милиони денари, ќе се гради фабрика за рециклирање отпад. 

-Од областа на животната средина, предвидена е изградба на пречистителни станици во Чучер Сандево и во Пласница. Во Општина Илинден ќе се реконструира тамошната амбуланта, за што се предвидени осум милиони денари кои Министерството за здравство ќе ги издвои за оваа намена, се наведува во соопштението.  

реклама

Со владината Одлука предвидена е и изградба на спортска сала во Општина Штип со средства од Агенцијата за млади и спорт.

реклама

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДУИ нема ништо против ЕСП да има член во ДИК, Ковачевски бара законите да не се толкуваат своеволно

Следно

Од февруари ќе се изучува македонскиот јазик на Универзитетот во Тирана

Latest from Blog

Тошковски: Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите

Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите, а опозицијата нормално е дека ќе си дава изјави такви какви што си дава

Најмалку 21 Палестинец убиени на пункт за хуманитарна помош на САД во јужна Газа, многумина задушени од солзавец

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 21 Палестинец се убиени денес чекајќи да добијат хуманитарна помош близу американскиот дистрибутивен пункт во јужна Газа, од кои многумина се задушија од солзавецот испукан од израелските сили,

АПИС апелира до Владата да не го предлага новиот закон за игри на среќа во Собранието: „Предизборната реторика ќе ја загрози одржливоста на регулативата!“

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС апелира до Владата да не го предлага новиот драфт на закон за игри на среќа во собраниска постапка. Поучени од претходните искуства, сметаме

ХАРИСОН ФОРД ЈА ДОБИ ПРВАТА НОМИНАЦИЈА ЗА ЕМИ ВО 50-ГОДИШНАТА КАРИЕРА

Холивудската легенда Харисон Форд ја доби првата номинација за ТВ-наградата Еми во 50-годишната кариера. 83-годишниот Форд ги играше некои од најзначајните ликови во филмската индустрија, како Индијана Џонс и Хан Соло. Синоќа

Народна банка воведува фиксни такси: Поевтини електронски плаќања и заштеда за државата

Советот на Народната банка на седницата одржана на 15 јули 2025 година изгласа целосно нов модел за тарифирање на услугите што банките ги плаќаат за извршување и порамнување плаќања во Македонскиот интербанкарски платен систем
Go toTop