Вицепремиерот Битиќи во Чикаго ги претстави можностите за инвестирање во Република Северна Македонија

September 25, 2023
1 min read

реклама



 Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во рамки на официјалната посета на САД, во Чикаго оствари работна средба со група бизнисмени, составена од припадници на македонската дијаспора и американски стопанственици.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, вицепремиерот Битиќи истакна дека инвестициите од САД може да имаат трансформативно влијание врз македонската економија затоа што со себе носат, не само финансиски ресурси, туку и експертиза, технологија и пристап до глобалните пазари.

реклама

– Успехот кој бизнисмени од САД го имаат зад себе, ветува можности за поттикнување на иновации и подобра продуктивност во различни сектори. Вашите инвестиции би сигнализирале доверба во економската стабилност и потенцијал за раст на земјата, привлекувајќи дополнителни инвестиции од други извори, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој потенцираше  дека Владата води предвидливи економски политики кои создаваат стабилно и стимулативно деловно опкружување за потенцијалните инвеститори.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неколку неодговорени прашања месец дена по откривање на скандалот во Онкологија

Следно

Русија тврди дека Украина се обидела да изведе напади со осум дрона

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop