Витамин Ц: Седум полезни напивки

December 10, 2025
2 mins read

Витаминот Ц е есенцијална хранлива материја којашто има многу важни улоги во здравјето. Тој е моќен антиоксиданс, неопходен е за лачењето колаген, имунолошките функции и ја подобрува способноста на телото да апсорбира железо. Следат седум полезни напивки.

Многу пијалаци, како што се сокот и смутито, содржат импресивни количини на витамин Ц и можат да бидат практичен начин за зголемување на внесот. Во таа смисла, се издвојува сокот од портокал. Истражувањата покажуваат дека овој сок може да има корист и за когнитивната функција и здравјето на срцето, а го подобрува и целокупниот нутритивен квалитет. Чаша свежо исцеден сок обезбедува 120 отсто од дневните потреби за витамин Ц, што го прави еден од најдобрите извори на овој витамин што може да се пие.

Сокот од портокал е полн со заштитни растителни соединенија, како што се флавоноидните антиоксиданси, но и калиум и фолна киселина и други витамини и минерали.

Сокот од грејпфрут е моќен извор на витамин Ц, при што една чаша содржи повеќе од 100 отсто од дневните потреби на еден човек. Овој сок е, исто така, полн витамин А и моќни растителни соединенија, вклучувајќи каротеноиди и флавоноиди како нарингин, коишто помагаат телото да управува со оксидативниот стрес и воспалението.

Истражувањата покажуваат дека пиењето сок од грејпфрут може да го зголеми нивото на витамин Ц и нарингин во крвта, а воедно да ја подобри и целокупната способност на крвта да ги неутрализира штетните слободни радикали.

И свежите домати содржат солидна доза витамин Ц, но концентрираните форми како – сокот од домати, содржат значително повеќе по порција. Домат од приближно 100 грама, на пр., обезбедува нешто помалку од 20 отсто од препорачаниот дневен внос, додека чаша сок од домати содржи 136 отсто од препорачаниот внос на витамин Ц. Покрај витамин Ц, сокот од домати е добар извор на калиум и ликопен – растителен пигмент со силни антиоксидантни и антиинфламаторни својства.

Чаша сок од ананас, пак, содржи повеќе од 27 отсто од дневната потреба за витамин Ц, а има и други есенцијални витамини и минерали, како што се фолната киселина и Б-6. Сокот од ананас содржи и флавоноиди, но и бромелаин – ензим со моќни антиинфламаторни својства.

Сокот од брусница со низок шеќер обезбедува обилна доза витамин Ц, заедно со корисни растителни соединенија како проантоцијанидини, за коишто е познато дека го поддржуваат здравјето на уринарниот тракт. Иако се потребни натамошни истражувања, витаминот Ц може да помогне во претворањето на соединението во урината наречено нитрит во азотен оксид, којшто може да ги убие штетните бактерии. Тоа спречува бактериите што предизвикуваат инфекции на уринарниот тракт, како што е „Ешерихија коли“, да се залепат на слузницата на мочниот меур и другите поврзани органи.

Смути може да се пие како здрава ужина или лесен оброк кога се нема многу време за јадење. Чаша сомелени замрзнати јагоди со процеден јогурт покрива повеќе од 68 отсто од потребите за витамин Ц и обезбедува 25 грама протеини. Може и дополнително да се зголеми содржината на витамин Ц со мешање на друго овошје или зеленчук богато со витамин Ц – покрај јагодите, како што е киви или кељ.

Ако сакате да ги избегнете калориите и високата содржина на јаглехидрати во сокот, но сепак сакате напиток богат со витамин Ц, пробајте лимонада. Цедењето свеж лимон или додавањето лажица сок од лимон во водата може да додаде значителна доза витамин Ц во исхраната. Водата со исцеден лимон во неа содржи повеќе од 20 отсто од дневните потреби за витамин Ц.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Филипче, Фрчковски и Жерновски нека бараат мигранти кои се дел од договор – ако има јас ќе заминам, ако нема ќе мора да се извинат

Следно

Најмалку 19 лица загинаа во рушење на две згради во Мароко

Latest from Blog

Насловната на АС во пресрет на вечерашниот спектакл: МОНСТРУМОТ дојде да види! (ФОТО)

ФОТО: Manchester City/FB Дон Флорентино Перез, Чаби Алонсо, сиот Реал Мадрид а посебно фановите и медиумите кои го фаворизираат најславниот клуб во светот, и да сакаа не можеа да одберат полоп момент

Најмалку 19 лица загинаа во рушење на две згради во Мароко

Најмалку 19 лица загинаа, а 16 се повредени при уривањето на две згради во североисточниот марокански град Фес, поранешната престолнина, објави државната новинска агенција. Локалните власти објавија дека две соседни четирикатни згради

Мицкоски: Филипче, Фрчковски и Жерновски нека бараат мигранти кои се дел од договор – ако има јас ќе заминам, ако нема ќе мора да се извинат

Премиерот Христијан Мицкоски денес одговори на новинарско прашање прашан за коментар по изјавите на СДСМ и Филипче за наводен договор за носење мигранти. -Немаат тема. Притисокот е голем врз Венко Филипче да

Мачадо нема да присуствува на доделувањето на Нобеловата награда за мир во Осло

 Венецуелската добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година, Марија Корина Мачадо нема да присуствува на денешната церемонијата на доделување награди во Осло поради заканите од авторитарното раководство на нејзината земја,
Go toTop