Овој Партизан и дефинитивно е ЦИРКУЗ. Како може поинаку да се протолку фактот дека раководството на клубот одлучи да го врати Срѓан Благојевиќ на тренерската клупа. Оваа вест е потврдена од страна на ФК Партизан:
„На денешниот состанок на Управниот одбор на Фудбалскиот клуб Партизан беше спроведена анализа на спортските резултати од почетокот на пролетната сезона на првенството. Резултатите се неприфатливи за Клубот. Дополнително, беше оценето дека е потребно да се преземат активности за да се запре кризата на резултатите, а особено кризата на професионалната работа. Управниот одбор го назначи Срѓан Благојевиќ за нов шеф на стручниот штаб со мнозинство гласови (4-1).
Новиот тренерски штаб ќе започне со работа утре, 10 март 2026 година“, објави Партизан.
Благојевиќ беше отпуштен во ноември откако беше елиминиран од Купот на Србија од Мачва, а потоа загуби од Чукарички.
Сепак, после тоа, Партизан не успеа да го пронајде вистинскиот пат ниту со Ненад Стојаковиќ, ниту со Дамир Чакар, па Благојевиќ се враќа на кормилото по четири месеци.
Извор: vecer.mk


