Високи цени, ниска побарувачка  – малку купувачи на курбан во Тетово

June 5, 2025
1 min read

На ден пред Курбан Бајрам импровизираниот пазар кај стадионот во Тетово преполн.

Цената на еден курбан се движи до 200 евра а за овен од 250 евра па нагоре.

Продавачите се жалат – граѓаните не купуваат многу, а поплаки стигнуваат и поради хуманитарните организации за кои велат дека собираат средства за курбан, а курбаните не ги купуваат од пазарот.

„Слабо за курбан, нема многу интерес, не се печалбарите тука, нема многу интерес. Станаа малку поскапи“.

-Колку чини овен, колку чини овца?

„Овца чини 200 евра, овен чини 250 евра“.

„Бараат повеќе овни, земаат и овци, земаат и големи животни. Во изминатите години беше послабо, сега се појавија многу здруженија каде им се праќаат  парите, некои се колат во здруженијата, некои не се колат, но луѓето веќе не сакаат дома да носат, не знаат дали да го колат или што. Ако одлучат да го колат, мора сами да одлучат дали да го колат курбанот или не“.

„Оваа година е послаба од минатата година, бидејќи имамите веќе даваат пари како милостина, нема курбани. Сè се промени, но курбаните се по иста цена како минатата година“.

Купувачите кои ги сретнавме велат дека тие што сакаат и можат наоѓаат пари за курбан.

„На тие што купуваат им е скапо, на тие што продаваат, евтино, но добро е, поволна е цената, сега стигна, тој што има пари купува, тој што нема, си бара чарето“.

200 го купив лани, 200 и годинава, секоја година купувам, пред три години беше 150 сега 220, бараа 200, варира цената, ако имаат можности, луѓето купуваат.

Интересот е опаднат и за готова баклава, се пожалија слаткарите.

„Интересот е слаб, сега почнаа и дома да правата, но ние сме подготвени бидејќи е празник, верски празник и секој муслиман и Албанец го празнува, ние овде имаме баклава, шеќерпаре, алиѓина – имаме и други слатки, што сака клиентот тоа му нудиме“.

Една тепсија баклава чини од 2000 до 2500 денари, но многу граѓани купуваат на парче кое чини од 20 до 40 денари.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фајнанс тинк: Растот во првиот квартал со слична динамика како и лани, нема место за еуфорија

Следно

Милано изрази солидарност со Газа: Градската палата Марино осветлена со пораката „Сите погледи кон Газа“

Latest from Blog

Општина Битола ја зголемува употребата на соларна енергија во училишта

Општина Битола продолжува со активна имплементација на праведната енергетска транзиција, со цел поголемо искористување на обновливите извори на енергија. На следната седница на Советот на Општина Битола ќе се разгледува анекс на

Голема акција на полицијата низ цела Србија: ГИ КОРИСТЕЛЕ ДЕЦАТА ЗА ПОРНОГРАФИЈА!

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Дирекција за технологија, Служба за борба против високотехнолошкиот криминал, во продолжение на акцијата „Армагедон“, по наредба на Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство

Николоски најавува долгорочен развој преку нов просторен план

Скопје – Во тек е подготовка на нов просторен план на државата, документ кој треба да ја дефинира долгорочната насока на просторниот и инфраструктурниот развој, информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар

Фото: Екс тениска шампионка во секси стајлинг

 Ова го потврдува и нејзината најнова објава на социјалните мрежи, каде што само потсети зошто важеше за една од најубавите спортистки во светот. Поранешната тенисерка број еден во светот и шампионка на
Go toTop