Високи европски функционери бараат од лидерите на ЕУ да ги истражат изборите во Србија

January 18, 2024
1 min read

Во средата вечерта во Европскиот парламент, европратениците побараа меѓународна истрага за „изборна измама во Србија“, а некои од нив ги повикаа земјите-членки на Европската унија да не ги прифаќаат резултатите од изборите, чии нерегуларности беа посочени од меѓународните набљудувачи и дел од српската опозиција.

„Ја повикуваме ЕУ да спроведе независна истрага за сите пријавени изборни нерегуларности и наводи за измама“, напишаа политичари во писмото во кој имаше увид Политико, испратено вклучително и до Фон дер Лајен, претседателот на ЕС, Шарл Мишел и претседателката на ЕП,Роберта Мецола.

Порталот потсетува дека „нелибералниот претседател на Србија, Александар Вучиќ“ ја консолидираше својата власт со прогласување победа на декемвриските избори, што поттикна десетици илјади луѓе да бараат поништување на изборите на улични протести во Белград, за кои водечките опозицискиот блок на левичарската коалиција „Србија против насилството“ тврди дека се украдени со бројни злоупотреби и манипулации.

Повикот до лидерите на ЕУ го упатија 24 потписници на писмото, вклучувајќи го и претседателот на комисијата за надворешни работи на Бундестагот, Михаел Рот и неговиот француски колега Жан-Луј Бурланж, барајќи независна истрага за наводите за измама и препораки за да се обезбеди слободни и фер избори во Србија.

Потписниците претежно претседаваат со комисиите за надворешни или европски прашања во нивните национални парламенти и доаѓаат од цела ЕУ, вклучувајќи ги Франција, Италија, Данска и Луксембург, но и Украина, Молдавија и Велика Бритаија.

„Во зависност од наодите на истрагата“, велат тие, можеби ќе бидат потребни нови избори во Србија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Брзата храна станува луксуз, ново поскапување на хамбургерите

Следно

НАТО мобилизира 90.000 војници, ќе вежбаат сценарија во случај на руски напад

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop