Вин Дизел објави фотографија со Новак Ѓоковиќ: Честитики за мојот брат

November 9, 2025
1 min read

Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во својата кариера на турнирот во сала во Атина, победувајќи го Италијанецот Лоренцо Мусети (АТП – 9-ти) во финалето со 4:6, 6:3, 7:5 и со тоа, па на 38 години и пет месеци, стана најстариот победник откако е воспоставена АТП листата во 1990 година.

Ова е 72-ра титула на српскиот тенисер на тврда подлога, со што го престигна Роџер Федерер (71) и стана најуспешен во Опен ерата на таа ранг-листа и го додаде тој рекорд на многуте што веќе ги поседуваше.

Вин Дизел му честиташе

На Ѓоковиќ му честитаа многумина по победата во Атина, вклучувајќи го и холивудскиот актер Вин Дизел. Тој објави фотографија со тенисерот кого го нарекува свој „брат“.

„Честитки до мојот брат Новак Ѓоковиќ. Големината не се постигнува само така, туку се заработува со дисциплина и се дефинира со срце. Ти ги отелотвори и двете“, напиша Вин Дизел.

Шеги во коментарите

Сопругата на Новак, Јелена, исто така се вклучи, оставајќи емотикони од срца, дланки што покажуваат благодарност и српското знаме.

Објавата, исто така, инспирираше многумина да се пошегуваат. „Најголемиот успех на Вин Дизел во животот“, „Браво Вин брате“, „Вин Дизел е од Република Српска, ако не се лажам“, „Винко Дизелчиќ и Ноле Ѓоковиќ“, се некои од коментарите.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БРОШОТ НА НАПОЛЕОН ОДИ НА АУКЦИЈА – еден од дијамантите е проценет на астрономска сума

Следно

Ѓорѓиевски: 4.500 тони ѓубре собрано во Скопје

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop