Вилма Русковска: Имав притисоци да запре истрагата за Драги Рашковски

November 27, 2023
1 min read

Поранешната шефица на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, сепак, не сакаше да каже од кого или од која инстанца доаѓал притисокот

Поранешната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, прашана дали имала притисоци да ја запре истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, одговори: „Па, да“. Но, таа не сакаше да каже точно од кого.

Од интервјуто со Вилма Русковска

„Не би сакала да навлегувам. Веќе имам две тужби за клевета. Не сакам уште една да имам. Рочиштето по тужбата од Арафат Муареми е закажано за 22 декември. За другата сè уште немам информација“,

рече Русковска на прашањето – од која инстанца бил притисокот.

За случајот поради кој ѝ беше покрената дисциплинска постапки, а потоа и беше разрешена – претресот во Управата за финансиска полиција, таа вели дека останува на тоа што го изјави дека само ја чекале „на пенал“.

„Самиот професор Гордан Калајџиев, прочитав негово интервју за еден портал, наведува дека апсолутно немало никакви елементи за водење дисциплинска постапка, а не, пак, за тешка дисциплинска повреда. Тој ги имаше на увид предлогот за поведување дисциплинска постапка и мојот одговор“,

рече таа.

За наводите дека го измамила судот зашто во барањето за наредба за претрес од ОЈО ГОКК навеле дека има основи на сомнение за сторено кривично дело, додека во списите на предметот имало само анонимна кривична пријава, Русковска коментираше:

„Ако има пријава, доколку не се одземат предметите, не можеме ниту да видиме дали има кривично дело или нема. На кој начин ние би постапиле по таа анонимна кривична пријава што беше од група граѓани. А, второ, суд не можеш да излажеш. Јас бев повикана кога беа дојдени судиите за Оценската мисија на ЕУ за работата на Судскиот совет и воопшто на судството и ме прашаа – која е причината и кога им кажав дека, ете, сум го излажала судот, останаа вџашени. Велат – суд не може да се излаже“,

вели Русковска.

Инаку, членовите на Советот на јавни обвинители во четвртокот едногласно ја разрешија Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител. Иницијацијата на дисциплинската постапка дојде од државниот обвинител Љубомир Јовески, а предлогот до Советот од дисциплинската комисија во Јавното обвинителство. Комисијата и Советот заклучија дека Русковска постапила незаконито при процедурата за иницирање претрес во Управата за финансиска полиција со која тогаш раководеше Арафат Муареми.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарија го отвори воздушниот простор за рускиот министер Лавров – ќе може да присуствува на состанокот на ОБСЕ во Скопје

Следно

Мисајловски: СДСМ со две раце би прифатиле да нема техничка влада, но немаат храброст да кажат НЕ на ДУИ

Latest from Blog

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги
Go toTop