Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

May 31, 2024
2 mins read

По турбулентната астролошка недела, за викендот од 31 мај до 2 јуни 2024 година, фокусирајте се на 3 работи: одмор, безделничење и релаксација – сето тоа го заслужувате. Еве што друго би можеле да очекувате.

Викенд хороскопот за периодот од 31 мај до 2 јуни предвидува дека конечно ќе се опуштите по една недела во која имаше многу астролошки појави и во која сите работеа напорно. Работите стануваат појасни, ѕвездите ќе му помогнат на секој знак од Зодијакот да ги реализира плановите и напредокот, а кога Месечината ќе влезе во знакот Овен во петок на 31 мај, кај сите ќе се врати спонтаноста и оптимизмот.

Овен

Сè е малку помирно за вас во сезоната на Близнаци. Одморот може да стане приоритет кога Месечината ќе влезе во Риби, но ќе се чувствувате разбудени кога Месечината е во вашиот знак на 31 мај. По период на напорна работа, ќе уживате во забава, релаксација и љубов. Ќе добиете покана за концерт.

Бик

Ова беше недела за дружење и стекнување нови познанства. До крајот на неделата ќе имате фокус за сите задачи. А потоа за време на викендот ќе ја искористите вашата имагинација и ќе создадете рецепт за бегство од градот. Месечината во Овен ја затвора неделата и ви овозможува да се одморите, да не правите ништо, да подготвите вкусна храна и да се разладите.

Близнаци

Цела недела учевте и собиравте информации. Јупитер е во вашиот знак, што ви дава поголема самодоверба во сè, вклучително и одлучноста да го напуштите градот. Месечината во Овен на 31 мај ќе ви даде разиграна енергија и ќе ви помогне да сфатите кои се суштинските луѓе во вашиот живот.

Рак

Љубовта и романтиката беа во фокус оваа недела. Се чувствувате оптимисти за идните романтични поглавја. Месечината во Овен на 31 мај ви помага со стил да ја завршите вашата победничка стратегија на работа или на училиште. На пат кон дома ќе ви се јави бившата љубов од друг град.

Лав

Вашите врски со пријателите се многу силни сега. Јасно ви е дека треба да имате повеќе љубов и грижа за себе, за да доживеете и исцелување. Оставете го минатото и бидете отворени за нови и попозитивни искуства. Патувајте, врзете лулашка меѓу две дрвја, зјапајте во небото, за тоа е викендот.

Девица

Можеби неодамнешните транзити ви се чинеа како возење на ролеркостер. И уморни сте. Месечината во Овен ќе ви помогне да ја поставите сцената за нови работи. Јупитер во Близнаци ви помага да се искачите на врвот, а искачувањето може да ве измори. Викендот ќе го искористите за дружење со драги луѓе од средно училиште.

Вага

По долга недела и сета возбуда што ви ја носи Јупитер во Близнаци, проширувајќи ги вашите можности, ќе уживате во одмор. Сè уште сте ентузијасти за учење и ќе уживате во талкањето и истражувањето на шумите или археолошките локалитети. Ќе запознаете инспиративни луѓе и потенцијален партнер.

Скорпија

Го подобривте вашиот социјален живот и сте полни со енергија. Ги помиривте работата и домот, добивте наплив на емоции и сега внесувате многу страст и романса во сè. Бегство за викенд од градот во колиба без струја или сигнал на мобилни телефони. Секако, земете го вашиот партнер и … Ова ќе биде убав, долг викенд.

Стрелец

Оваа недела ги направивте чекори за викендот што со нетрпение го очекувавте. Подарете си благодат, самољубов и грижа. Грижете се за себе психички и физички овој викенд, одвојте го потребното време за спа, пливање, вежбање и мрзеливост. Бидете нарцис барем еден ден, сакајте се себеси.

Јарец

Имавте многу контакти со луѓе оваа недела, беше возбудливо. Бевте полни со енергија, но сега се чувствувате исцрпени. Месечината во Овен ве потсетува да забавите и да се одморите. Ќе останете дома и сигурно ќе гледате серии без прекин. И тоа е одлично, само не заборавајте барем да им се јавите на пријателите.

Водолија

Во текот на изминатата недела повторно се фокусиравте на себе. Време е повторно да се активирате и да си ги дадете алатките што ви се потребни за да постигнете успех. Во викенд влегувате мирно, со еден куп достигнувања. Кога Месечината ќе влезе во Овен, ќе почувствувате наплив на создавање, а вашата фантазија ќе роди фантастични идеи.

Риби

Работите се многу поинтересни, вашиот социјален живот цвета и ве принудува да останете во најдобра форма. Конечно размислувате како победник и ги славите деновите кога воопшто не треба да правите ништо. Кога Месечината ќе влезе во вашиот знак, ќе бидете доста популарни, а тоа продолжува и кога Месечината ќе влезе во Овен на 31 мај. Ова ќе биде викенд за паметење.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Љубовта кон Интер е голема, Лаутаро потпиша нов договор и ќе биде најплатен фудбалер во Серија А

Следно

ФОТО: Северина ги пречека македонските фудбалери, а доби и подарок од нив

Latest from Blog

Наместо дискриминаторски даноци, во светот се креираат демографски и социјални политики за поттикнување на наталитетот

Справувањето со „белата чума“ е глобален феномен кој не ја одминува ниту Македонија. Проблемот со демографската рецесија, за разлика од други земји каде е тренд, кај нас го вклучи алармот, рече премиерот

Самит на БРИКС 2025: Што е следно за блокот во пресрет на средбата на лидерите во Бразил?

ИСТАНБУЛ (АА) – Лидерите и претставниците на алијансата БРИКС денес и утре во Рио де Жанеиро ќе го одржат 17-тиот годишен самит, пишува Анадолу. Самитот доаѓа во услови на зголемени геополитички тензии,

Таки Фити: Македонскиот јазик е заштитен во „Францускиот предлог“, губиме драгоцено време

Рацин.мк, во оваа епизода од серијата „Имаме неколку прашања за вас“ оствари интервју со академик Таки Фити. Како што е познато, негова специјалност е економскиот развој на земјите во развој, претприемништвото, економијата

Ајатолахот Хамнеи првпат се појави во јавност од примирјето со Израел

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи вчера првпат се појави во јавност од примирјето со Израел постигнато на 24 јуни. Тој учествуваше на верска церемонија во Техеран. Според снимките објавени на иранската
Go toTop