Виетнамскиот претседател Нгуен Ксуан Пу поднесе оставка по корупциските скандали

January 17, 2023
1 min read

Претседателот на Виетнам, Нгуен Ксуан Пук денеска поднесе оставка, по серијата корупциски скандали во кои беа вмешани официјални претставници.

Фук поднел оставка на состанокот на Централниот комитет на владејачката Комунистичка партија, а текстот на соопштението покажува дека тој бил принуден да се повлече.

После извршувањето на функцијата на покраинско ниво во текот на неколку децении, Фук во 2006 година помина на државни позиции. Тој во 2011 година стана член на Политбирото, највисокото тело на Комунистичката партија, а беше премиер од 2016 до 2021 година, кога Парламентот го избра за шеф на државата.

Во соопштението за оставка, Фук беше пофален за неговите напори како премиер во борбата против пандемијата на коронавирусот, но беше речено и дека тој е политички одговорен за сериозни скандали во кои се вмешани неговите поранешни подредени, меѓу кои и двајца вицепремиери и тројца министри.

Во Виетнам, земја со околу 100 милиони жители, функцијата претседател е главно церемонијална, а најмоќната функција е генералниот секретар на Комунистичката партија, на која Нгуен Фу Тронг во 2021 година го започна третиот петгодишен мандат. Главната карактеристика на неговото владеење е долготрајната антикорупциска кампања.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Тренер по карате им покажувал експлицитни фотографии на малолетнички

Следно

Пленковиќ: Наплативме 234.000 евра казни за неправедно зголемување на цените

Latest from Blog

Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје

По неколку тешки недели, кога Скопје беше преплавено со отпад поради блокади и негрижа, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христјан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва излегоа

Собослаи ќе добие нов договор во Ливерпул и ќе биде нов капитен

фото: LFC (X) Доминик Собослај е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул од почетокот на сеозната, па клупското раководство веќе размислува да му понуди нов договор. Капитенот на унгарската репрезентација наскоро ќе
Go toTop