Видиќ ја повлече кандидатурата за прв човек на српскиот фудбал

March 13, 2023
1 min read

Поранешниот српски капитен Немања Видиќ соопшти денеска дека ја повлекол кандидатурата за претседател на Фудбалската федерација на Србија (ФСС).

Одлуката на прославениот српски фудбалер и поранешен член на Манчестер јунајтед доаѓа ден пред утрешното изборно собрание на ФСС во Стара Пазова.

„Пред нашиот фудбал се големи предизвици. Мојата идеја беше и остана да соберам тим од врвни професионалци кои се кадарни да ги решат тие предизвици можеби поквалитетно од кои и да е друг во Европа. За жал, на секој чекор од патот да станам претседател на ФСС јасно ми е ставено на знаење дека таа шанса нема да ни биде пружена. На овој начин сакам да ве известам дека ја повлекувам кандидатурата за претседател на ФСС“, објави поранешниот капитен на српската фудбалска репрезентација и на Манчестер јунајтед.

По одлуката на Видиќ да се повлече од трката, единствен кандидат за претседател на ФСС останува легендарниот југословенски репрезентативец и почесен претседател на Црвена ѕвезда, Драган Џајиќ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Болни од цистична фиброза уште чекаат на лекот кој спасува живот: „Трикафта“ во Македонија има само за 8 лица!

Следно

Русија е подготвена да прифати продолжување на договорот за извоз на украинско жито, но само за 60 дена  

Latest from Blog

Стентон Градба ја обнови јужната трибина на „Петар Милошевски“ – Битола доби современ фудбалски дом

Градежната компанија Стентон Градба ја заврши реконструкцијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, обезбедувајќи младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година да ги одигра домашните квалификациски натпревари во

Изет Меџити: Чаир станува пример за модерно предучилишно образование

Општина Чаир продолжува да поставува нови стандарди во предучилишното образование, со цел да обезбеди квалитетна грижа и образование за најмалите. Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е и

Притвор за игуменот и други пет лица уапсени за продажба на икони и реликвии во Грција

Мерка притвор им е одредена на игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез, на неговиот помошник и на уште четрири други лица кои во понеделникот беа уапсени за поседување
Go toTop