Видевски ги негира наводите за убиствата на Вања и Панче, Кешишев ќе сведочи на следното рочиште на 2 април

March 26, 2025
2 mins read

Обвинетиот Боре Видевски и денеска ги негираше исказите дадени во обвинителството посочувајќи дека нема никаква поврзаност со убиствата на Вања и Панче. На судењето во Основниот кривичен суд во Скопје тој денеска одговараше на прашања на обвинетиот Палевски и на судечкиот совет. Претходно, обвинителките ги прочитаа неговите искази дадени во текот на истрагата во декември 2023 година во кои во едниот Видевски ги признава злосторствата, а потоа вели дека бил под тортура и присилен да го каже тоа.

Обвинетиот Видевски одговарајќи на прашања на Палевски денеска изјави дека ги негира сите наводи изнесени пред обвинителството. На прашањето дали некој полицаец или обвинител го прашал за поседување оружје, тој одговори: „Мислам дека не, поточно, сигурен сум дека не ме праша.“

Во врска со фотографијата од Панче Жежовски, која според обвинителството му била испратена од Велибор Манев, Видевски изјави: „Кој било може да ми прати слика по грешка што нема врска со мене, така што игнорирам многу работи така.“ 

Видевски, исто така, нагласи дека сликата никогаш не му била покажана, ниту спомната од страна на обвинителството.

Во продолжение од расправата, судијата Ивица Стефановски го прашуваше во врска со снимките од домот на Велибор Манев на кои се гледаат радио станици, за кои Видевски изјави дека прв пат ги гледа.

-Прв пат ги видов и мислам дека беа за проба донесени, да видиме дали работат, рече тој.

На прашањето дека на снимките се гледа дека на одреден датум обвинетиот доаѓа кај Велибор Манев со својата Шкода, односно за причината за таа средба, тој одговори дека не ја знае причината. 

-Не сум сигурен воопшто за саатницата, мислам дека не е во раните утрински часови, туку е навечер, причината поради која се случува не знам ни сам, мислам дека ми се јави да дојдам и ми рече да се спуштиме по патот и ми ги даде ракавиците, без да размислам ги ставив и продолживме надолу по улицата, но, се вративме брзо, за десетина минути бидејќи не видов никаква цел каде што треба да се оди, ми беше глупо и се вративме, рече тој.

Во однос на оружјето, Видевски одговори дека не е љубител на оружје и дека го купил од помодарство и не знае кога го дислоцирал од својот дом.

-Не се сеќавам каде го имам дислоцирано. Не сум љубител на оружје, купено е од помодарство пред 20-30 години бидејќи имаше прилика да се набави дозвола. Не можам да ви наведам посебна причина зошто сум го изнел од дома, рече тој.

Видевски беше прашан дали некогаш имал закани од Палевски, на што одговари негативно.

-Никогаш, рече тој.

Претходно за овој случај беше сослушан обвинетиот Велибор Манев кој детално ги образложи грабнувањата и убиствата на Вања и Панче за кои посочи дека координатор и оној што ги извршил убиствата е Љупчо Палевски.

Преостанува да бидат сослушани и обвинетите Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Судењето продолжува на 2 април 2025 година.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател вети дека ќе има правни последици против саботажата на турската економија

Следно

Кремљ поставува услови за прекин на огнот во Црно Море

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop