Видеолотарија ја реализираше традицоналната крводарителна акција

December 13, 2024
1 min read

Во декември, тимот на Видеолотарија Касинос Австрија, по традиција, во хумана мисија. Во просториите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, реализиравме уште една успешна крводарителна акција.

Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст, уште еднаш успешно ја реализираше и најновата крводарителна акција, со што  повторно ја докажа својата хуманост на дело.

Акцијата веќе е убава, хумана традиција, која ја практикуваме како колектив, додека голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности. На овој начин, Видеолотарија Касинос Австрија дава придонес во спасувањето човечки животи и во промовирање и поттикнување на доброволното дарување крв.

Многукратни се придобивките од крводарувањето. Покрај хуманата цел- спасување човечки животи, кај крводарителите се обновува и регенерира крвта,  а лицата кои ќе дадат десет пати доброволно крв, добиваат бесплатно лекување. Според Зконот за работни односи на Република Македонија, работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв.

Крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност. Крводарител може да биде секое лице на возраст од 18 до 65 години,  со добра општа здравствена состојба. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисија на САД во НАТО: Безбеден и стабилен Западен Балкан приоритет за НАТО и САД

Следно

Се докажа дека создавањето атмосфера на етнички тензии, како таа пред Уставен, е за спас на криминалците од ДУИ и СДС, како Артан Груби

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop