ВИДЕО: Зек Ефрон и Никол Кидман во нова комедија на Нетфликс

July 2, 2024
1 min read

Зек Ефрон е ѕвездата на новиот филм на „Нетфликс“ – „Семејна афера“ (A Family Affair), што почна да се прикажува на платформата пред неколку дена. Комедијата има првична и не толку завидна оценка 5,5 / 10 на ИМДБ, а обожавателите зборуваат и за новиот изглед на познатиот глумец.

„Што се случи со Зек Ефрон? Тој изгледа како сосема поинаква личност“, гласи еден коментар на „X“.

Гласините говореа дека тој направил естетска пластична операција. Во интервју за „Пипл“ (People) пред извесно време, Ефрон се осврна на озборувањата и откри дека ја скршил вилицата во 2013 година, поради што „му се зголемиле мускулите на лицето и вилицата“, како што рече. Тоа, според многумина, е прилично неубедлива приказна.

Инаку, Зек (36) во новиот филм глуми со 20 години повозрасната Никол Кидман. Пред излегувањето на филмот, Ефрон, говорејќи за улогата, рече дека „бил исплашен“ од својата поискусна колешка.

– Бев малку исплашен, но средбата со Никол е секогаш одлична. Таа е талентирана глумица, љубезна е, грижлива и држењето со неа е секогаш прекрасно, истакна Ефрон.

Приказната е за ликот на Кидман којшто има бурна афера со шефот на својата ќерка, кого го глуми Ефрон.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Буфон ја напушта позицијата директор во репрезентацијата на Италија

Следно

Орбан му претстави на Зеленски предлог за прекин на огнот

Latest from Blog

Општинскиот штаб во Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината

(ВИДЕО) Општинскиот штаб на Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари: Од 1 јули забрани и засилени контроли

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината
Go toTop