(ВИДЕО) Војна на улиците на Воронеж: Одекнуваат експлозии, војниците на „Вагнер“ тврдат дека собориле руски воен авион

2 mins read

Во меѓувреме, војниците на Вагнер го зазедоа градот Ростов, каде што сега наводно се водат улични борби. Како што јави белоруската агенција Некста, во Воронеж имало силна експлозија

„Еден од конвоите на ‘Вагнер’ беше нападнат во близина на Воронеж. Граѓанската војна официјално започна“, објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи на својот профил на Твитер, наводна порака од групата Вагнер на Телеграм. Во својот поход, платениците на Евгениј Пригожин го зазедоа Ростов на Дон, по што Русија воведе антитерористички мерки. Во Ростов, наводно, сега има улични тепачки, одекнуваат експлозии, а вагнеровците тргнале да го окупираат аеродромот.

Шефот на руските платеници Евгениј Пригожин ги обвини руските власти за намерно убивање на неговите борци и најави државен удар против военото раководство.

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ се обрати на нацијата и рече дека ова е чин на предавство и дека Русија ќе се брани.

„Ова е еквивалентно на вооружен бунт. Се бориме за животот и безбедноста на нашите граѓани и за нашиот територијален интегритет. Ова е предавство“,

рече Путин во обраќањето до јавноста.

Во меѓувреме, војниците на „Вагнер“ го зазедоа градот Ростов, каде што сега наводно се водат улични борби. Како што јави белоруската агенција Некста, во Воронеж имало силна експлозија.

На социјалните мрежи кружат снимки на кои наводно се гледаат ударите на руското воено воздухопловство врз колоната на „Вагнер“ која се движи кон Москва.

Се верува дека тоа ги започнало конфликтите во регионот Воронеж меѓу руската војска и војската на Евгениј Пригожин.

„Еден од конвоите на ПМЦ ‘Вагнер’ беше нападнат во регионот Воронеж. Работи и авијацијата“,

напиша Вагнер Груп на Телеграм.

На каналот Телеграм од платеничката група ‘Вагнер’ беше објавена веста дека во градот Воронеж е соборен хеликоптер на руските воздушни сили.

„Соборен хеликоптер на руските воздушни сили, кој од воздух ја нападна пешадијата на ПМЦ (Приватна воена компанија) ‘Вагнер’ во Воронеж“,

пишува Евгениј Пригожин на каналот Телеграм на групата.

Заедно со веста беше објавена и фотографија од соборениот авион.

Истиот канал објави и наводна снимка од падот на авион на руското воено воздухопловство. Не е наведено кога е снимено видеото и каде е соборен авионот.

Според некои информации, станува збор за авион „Антонов Ан26“ за превоз на руски падобранци.

„Руската армија спроведува борбени мерки во областа Воронеж“,

изјави гувернерот на тој регион.

Александар Гушев рече дека во тек се „неопходните оперативни и борбени мерки“ „како дел од антитерористичката операција“.

„Сега има многу неточни информации на социјалните мрежи за наводно движење на конвои на воена опрема на територијата на регионот Воронеж“,

напиша тој на својот канал Телеграм, пренесе ТАСС.

Градот Воронеж се наоѓа на околу 500 километри јужно од Москва.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Канада и САД ќе ја истражат катастрофата со подморницата „Титан“

Следно

Бенитез седна на клупата на Селта Виго

Latest from Blog