ВИДЕО: Во минатото родителите им ги препуштаа децата на наставниците бидејќи премногу им веруваа

October 5, 2024
5 mins read

Соња ТАНЕСКА

Наставникот треба да биде пример за учениците, но и да е соодветно ценет и платен за вложениот труд. На светскиот ден на учителите – петти октомври, просветните работници потсетуваат дека нивната професија ја гледаат како предизвик кој носи одговорност, притисоци и проблеми, па оттука се уште нерешениот статус на дел од наставниците, ниските плати, стравот од високите казни и дополнителниот административен ангажман ги оддалечува наставниците од примарната воспитно-образовна задача.

Светскиот ден на наставниците се одбележува секоја година низ целиот свет и ги поврзува владите, мултилатералните и билатералните организации, невладините организации, приватниот сектор, наставниците и експертите во областа на наставата.

Препознавајќи ги наставниците како клучни за постигнување на Програмата за образование 2030. Според Институтот за статистика на УНЕСКО, на светот му требаат 69 милиони наставници ако сакаме да постигнеме универзално основно и средно образование до 2030 година.

Одржувајќи се годишно на 5 октомври уште од 1994 година, Светскиот ден на наставниците ја одбележува годишнината од потпишувањето на Препораката на УНЕСКО и МОТ (Меѓународната организација на трудот) од 1966 година за статусот на наставниците. Препораката од 1966 година претставува главна референтна рамка за адресирање на правата и одговорностите на наставниците на глобално ниво.

Тоа е ден за да се прослави како наставниците го трансформираат образованието, но и да размислуваат за поддршката што им е потребна за целосно да го применат својот талент и вокација и да го преиспитаат патот напред за професијата на глобално ниво.

Светскиот ден на учителите се организира во партнерство со Меѓународната организација на трудот (МОТ), УНИЦЕФ и Меѓународното образование (ЕИ).

-Со овластување на наставниците да ги исполнат своите улоги како трансформативни интелектуалци и водачи на заедницата, можеме да изградиме еластични и правични образовни системи кои му служат на јавното добро и ги подигаат заедниците во кои работат. Заедно, можеме да создадеме нов социјален договор за образование кој навистина ги цени и ги овластува гласовите на оние кои се суштински за неговиот успех, велат во заедничка порака Одри Азулај, генерален директор на УНЕСКО, Гилберт Ф. Хонгбо, генерален директор, Меѓународна организација на трудот, Кетрин Расел, извршен директорна УНИЦЕФ, Дејвид Едвардс, генерален секретар на Меѓународниот образование по повод Светот Ден на учителите 2024 година.

Наставниците играат клучна улога во обликувањето на иднината преку негување на учениците и поттикнување на образовниот напредок. Меѓутоа, за целосно искористување на нивниот потенцијал, од клучно значење е нивниот глас да се слуша и вреднува во процесите на донесување одлуки кои влијаат на нивната професија.

Овогодинешниот Светски ден на учителите ја нагласува потребата да се одговори на системските предизвици со кои се соочуваат наставниците и да се воспостави поинклузивен дијалог за нивната улога во образованието, а за 2025 под темата „Вреднување на гласот на наставниците и нов социјален договор за образование“, нагласувајќи ја итноста да се повикаат и да се внимава на наставниците за да се справат со нивните предизвици, но, што е најважно, да се признае и да има корист од стручното знаење и придонесот што го носат во образованието.

Глобалниот настан организиран во седиштето на УНЕСКО ја нагласи важноста од интегрирање на перспективите на наставниците во образовните политики и поттикнување на средина за поддршка за нивниот професионален развој.

Не бев наставник, јас бев родител за децата

Во својата професија несебично се залага за подем на образованието и на педагошка наука, иако е во пензија се уште е активна, пишува книги учествува на работилници, ги советува колегите. Јадранка Клисарова е пензиониран одделенски наставник во ОУ„Блаже Коневски“ во разговор за Рацин.мк ни раскажа како го поминала работниот век и ко се предизвиците на наставничката професија. Добитник е на многубројни признанија, уверенија, сертификати, а најзначајни се: Признание за „Просветен работник на годината “ 2011година на град Скоје, ПЛАКЕТА и ПРИЗНАНИЕ за Просветен работник на 2011годината за основното образование на Р.Македонија, ЗЛАТНА ПЛАКЕТА од Националниот Совет на Македонците во Р. Србија, за посебно залагање и унапредување на македонскиот јазик во Р. Србија, 13 Ноемвриска награда за образование и воспитание за 2017година “ од град Скопје. Во поглед на кариерниот развој на наставници, добибила и звање оделенски наставник-ментор во 2020г. од МОН.

-Мојот животен пат го поминав како наставник иако моите родители, ме запишаа нешто сосема друго, тие сакаа да бидам медицинска сестра. Кога од дете имате некоја желба, јас навистина сум пресреќна затоа што во образованието се најдов себе, се пронајдов како добар предавач, се пронајдов како добар учител, се пронајдов како добар родител на децата. На часовите бев строга давав знаење, на одморите бев блага пријател бев со  нив, бев родител, знаев да ги мотивирам со награди, да ги мотивирам на конкурси да учествуваат, секогаш бев во служба на мојата професија, вели Клисарова.

Таа вели дека во во минатото родителите своите деца ги препуштаа на наставниците бидејќи премногу им веруваа, додека родителите денеска живеат во еден подинамичен живот, но од друга страна пак сакаат да бидат вклучени во целиот образовен систем.

-Сакаат да ги следат сите наставни програми, сите случувања, сакаат да бидат информирани за своите деца и една грешка што ја прават, тоа е нереално согледување на способностите на своите деца. Мојот работен век го завршив со 40 години стаж во образование. Наставникот имаше можеби помалку додадтни активности, а повеќе беше посветен на значењето на учењето, на знаењето, на воспитувањето, додека денес, наставниците имаат преголеми работни задачи, воннаставни активности, електронски дневници, постигнување на учениците, се помалку време им останува, за она најважносто да се посветат на образовно-воспитниот процес, вели таа.

Според Клисарова кога се зборува за платите на наставниците и во минатото и денеска тие се под просекот на една држава.

-Еден наставник ако има просечна плата многу тешко може да опстои со едно четиричлено семејство, ако двајцата сопружници се во образование, тогаш навистина е многу тешко. Можеби само трошокот за храната месечно за едно четиричлено семејство со платата на наставникот, ама не е само животот за храна, каде облеката за децата, каде се книгите, каде е плаќањето за образовните потреби, вели Клисарова.

Таа вели дека избрала прекрасна професија, дека многу ди ги сака децата со кои и денеска комуницира.

-Поголем дел од моите ученици ги паметам оној лик детски лик пред мене секогаш излегува. Знам точно кое дете каде седеше, кое дете какви проблеми имаше. Денеска имам новинари, имам правници, имам лекари од моите ученици имам адвокати, имам музичари. еден од моите ученици познат музичар, Дино Имери, знаев уште од мал дека ќе биде музичар. Еве една моја ученичка Весна Ќуксановиќ, таа го водеше целото одделение, знаев дека таа ќе биде новинар. Имам ученици што се наставници, контактирам со нив, ме прашувале за совети, така да и ден денес сум во контакт  со многу мои ученици, вели Клисарова

И земјите низ светот на различни начини им оддадоа почит на наставниците.

Во Естонија наставниците толку се почитуваат, што можат да си одат дома на овој ден, а учениците сами ги одржуваат часовите.

Во Виетнам, каде што денот се слави на 20 ноември, учениците честопати ги посетуваат домовите на своите учители за да им подарат подароци или цвеќиња, организираат забави во нивните училишта и излети.

Во Индија Денот на наставниците се слави на 5 септември, кога се одбележува роденденот на Сарвепали Радхакриснан – филозоф кој бил втор претседател на земјата. Тој се смета за еден од најважните индиски интелектуалци на 20 век. Наводно, во една пригода го прашал поранешниот владетел на СССР, Јосиф Сталин: – Што добива човек ако го освои цел свет, а ја изгуби душата?

Денот на наставниците, кој во Индија се слави од 1962 година, се прославува така што наставниците и учениците одржуваат прослави во училиштата со кои се одбележуваат придонесите на наставниците во општеството. Постарите ученици ги заменуваат местата со наставниците во некои училишта во знак за благодарност.

Учениците го избираат наставникот што најмногу ги инспирирал на натпреварот наречен „Златен Амос“.

Во Панама Денот на наставниците е на 1 декември и тогаш му се оддава почит на Мануел Хозе Хуртадо – градежен инженер и едукатор за кој се смета дека е татко на образованието во централноамериканската земја.

Тој ги основал првите јавни училишта и колеџи за наставници во обид да го подигне нивото на писменост и да се справи со ендемичната беда.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации

Следно

Српскиот премиер Вучевиќ во понеделник во посета на Скопје

Latest from Blog

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за
Go toTop