ВИДЕО: Во 2016 како осумгодишник му беше придружба, а сега го „натера“ Рамос да си даде автогол

September 30, 2023
1 min read

Фудбалерите на Барселона со доста потешкотии ја „скршија“ Севиља и славеа со 1-0 во дербито на Примера. Иако имаа многу шанси, домаќините дојдоа до победата со автоголот на лутиот ривал Серхио Рамос. Ветеранот кој летово се врати во Севиља несреќно ја стресе сопствената мрежа во 76. минута по уфрлување од младиот Ламин Јамал.

Овие двајца имаат интересна заедничка приказна. Светските медиуми се присетија на едно „Ел Класико“ во 2016 година. Имено, тогаш осумгодишниот Јамал му беше придружник на Рамос при излегувањето на теренот, како дете од школата на Барселона. Ова видео го обиколи светот и привлече доста реакции.

Сега, Јамал порасна и стигна во првиот тим на Барселона, а во новата средба со шпанската легенда излезе како победник. Токму Јамал беше човекот кој го „изнуди“ автоголот, со вратена топка на петерецот од десната напаѓачка страна.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Словачка се одржуваат предвремени парламентарни избори

Следно

Спасовски на селекција на кандидати за полициски службеник во Центар за обука Идризово: Сериозен пристап во продуцирање професионални полициски службеници

Latest from Blog

Околу 300 натпреварувачи од 18 држави ќе трчаат на „Крали Марко Триалс“ во Прилеп

На настанот ќе учествуваат околу 300 натпреварувачи од Македонија и уште 17 држави, кои ќе се натпреваруваат на три различни дистанци: најдолга трка од 40 километри, средна од 23 километри и најкратка

ВЛЕН: Инвестиција од еден милион евра за нов базен и развој на пливањето во Чаир

„ВЛЕН продолжува со добра работа и конкретни проекти што го менуваат животот на граѓаните, додека Чаир се надополнува со уште една важна инвестиција во спортот и младите. Со инвестиција од околу еден

Трамп: Иранските ракети во голема мера се уништени

„Веќе го нема нивното противвоздушно оружје. Значи, тие немаат воздухопловни сили. Тие немаат воздушна одбрана. Сите нивни авиони се исчезнати“, рече Трамп. Американскиот претседател додаде дека се уништени 60 отсто од иранските
Go toTop