(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Дали повторно ќе трча за шеф на државата – интервју со Гордана Силјановска-Давкова

November 6, 2023
1 min read

Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува пратеничката и универзитетска професорка Гордана Силјановска-Давкова, се емитува вечерва (6 ноември 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1

Во новото дебатно издание на емисијата „360 степени“, кое се емитува вечерва (6 ноември 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1, гостува Гордана Силјановска-Давкова, пратеничка во Собранието и кандидатка за претседател на државата на изборите во 2019 година, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Во кариерата од 1992 до 1994 година беше министерка без ресор во првата влада на Бранко Црвенковски, како кадар на Либерална партија. Силјановска-Давкова е позната и како доскорешна професорка по уставно право и политички систем на Правниот факултет при УКИМ. Ја прашуваме – дали изборите в година (претседателски и парламентарни) треба да бидат одвоени или во исто време, дали повторно ќе биде кандидатка за шеф на државата, дали Талат Џафери деловнички ја води процедурата за уставни измени, што најмногу ја вознемирува во врска со потенцијалните промени во Уставот, ако веќе има шест делови од народи во преамбулата зошто е проблем да има и седми или осми, каква е иднатата на пристапниот процес на земјава кон ЕУ, особено во светлината на односите со Бугарија…

Емисијата се емитува од 20:15 на МРТ 1.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Беса Адеми не одговори на поканата за средба – Судски совет: продолжуваме да ги штитиме судиите според законот

Следно

Ахмети по повод жртвите од масакрот во Сопот – Мицкоски: Кога гледате национализам, да знаете дека се бира некој тендер

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop