[Видео] Талевски: Тошковски сака да формира партиска милиција под своја команда

July 30, 2025
1 min read

Со скандалозниот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ и министерот Панче Тошковски се обидуваат брутално да ја партизираат полицијата и да формираат партиска милиција под нивна команда, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, од собраниската говорница.

Талевски потенцираше дека станува збор за опасен и корумпиран обид полицијата да стане параполициски апарат за заштита на партиските интереси и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Полицијата не смее да биде под ничија команда. Со законските измени, Тошковски свесно го урива кариерниот систем во МВР, бришејќи ги критериумите за искуство и образование за највисоките оперативни позиции, вклучително и началници на СВР. Со член 4 се бришат критериумите за минимум 6 години работно искуство и 4 години раководна позиција за началник на сектор за внатрешни работи. Тоа значи дека лице без никакво искуство, некој што вчера положил приправнички испит, може да биде поставен на оваа позиција , ако е партиски подобен. Без никакви критериуми, може да се избере Началник на сектор за внатрешни работи. Со овие измени МВР не се јакне, туку се претвора во сервис на партијата на власт. Ова не е реформа, туку реставрација на груевизмот“, потенцираше Талевски.

Тој укажа дека особено загрижува и член 12, со кој се бара полициските податоци да се бришат по 60 години. Прашањето е – зошто? Кој треба да биде заштитен со оваа измена? Ова е уште еден доказ дека власта се обидува да амнестира и сокрие траги од злоупотреби. Загрижува и намерата да се укинат регионалните гранични центри, што претставува директен удар врз граничната контрола, со потенцијални последици по безбедноста, па дури и отворање простор за сомнителни шеми со мигранти.

„Понатаму, со член 15 се подига старосната граница за вработување на 30 години“, со што, според Талевски, се отвора простор за вдомување партиски кадри, наместо отворање шанси за млади, образовани лица со енергија и потенцијал. А најскандалозен е членот 19, со кој се овозможува во полицијата да останат лица со осудителни пресуди и забрани за работа, рече Талевски.

Тој потенцираше и дека наместо полиција што штити законитост, ќе добиеме институција која е прибежиште за лица со криминално досие. Ова е целосна подреденост на институциите на партиските интереси. Се враќаме во времето на МВР под ВМРО, кога брутално се кршеа човековите права на граѓаните.

„СДСМ бара итно повлекување на предложените измени. Полицијата мора да остане професионална, натпартиска и водена од знаење, искуство и јасни критериуми, а не од партиска книшка. Овој закон е закана за правната држава и безбедноста на граѓаните.“, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талевски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Топлотниот бран во Грција во средината на јули еден од најдолгите регистрирани во земјата

Следно

На Детската клиника во Скопје донесено починато едноиполмесечно бебе

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни
Go toTop