(ВИДЕО) Селото Љубетово најпогодено во синоќешниот земјотрес во БиХ

December 31, 2023
1 min read

Пет лица се повредени и задржани на лекување во болница

Пет лица се повредени и задржани на лекување во болница по синоќешниот земјотрес од 4,7 степени според Рихтеровата скала кој ја погоди Босна и Херцеговина. Според локалните медиуми, најголема штета е предизвикана во селото Љубетово. Итната помош евакуирала неподвижна жена која потоа е сместена во дом за стари лица. На многу куќи им се оштетени ѕидовите, фасадите, покривите, а дел останале и без струја.

Жителите од Љубетово според медиумите во БиХ, поминале немирна ноќ и утрото го дочекале пред своите домови покриени со ќебиња.

Видеото е објавено од АВАЗ ТВ
Видеото е објавено од АВАЗ ТВ

Епицентарот бил на 13 километри од Зеница и на 62 километри од Сараево. Земјотресот предизвикал и одрони на патиштата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новогодишната прослава во центарот на Скопје без огномет

Следно

Пендаровски: Во новата година да бидеме подобри и потолерантни, да ги надминеме недоразбирањата

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop