(ВИДЕО) Се урна „канадер“ што гаснеше пожар во Грција, се трага по пилотите

July 25, 2023
1 min read

Со два хеликоптери на грчкото воено воздухопловство во тек е акција за пребарување и спасување на двајцата пилоти

Авион од типот „канадер“ се урна на грчкиот остров Евија додека учествуваше во гаснењето на пожарот во близина на Каристос, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за авион што припаѓа на военото воздухопловство.

Несреќата се случи кратко пред 15 часот по локално време, а во моментов со два хеликоптери на грчкото воено воздухопловство во тек е акција за пребарување и спасување на двајцата пилоти.

Од Генералштабот на грчкото воздухопловство соопштија дека за време на воздушно гаснење на пожар на Евија, во 14:52 часот, авион CL-215, со екипаж од двајца пилоти од 355-та тактичка транспортна ескадрила на 112-то борбено крило се урнал на островот.

Грчката државна телевизија ЕРТ објави видео на кое е снимен моментот на падот на авионот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Mbrëmë në Shkup u mbyll me sukses edicioni i 5 i Festivalit Ndërkombëtar i Folklorit “FOLKFEST”

Следно

Ружиќ поднесе оставка по масовните убиства во Србија, избран нов министер за образование

Latest from Blog

ШПАНИЈА ГОРИ, КОЈ ЈА ОСТАВА ДА ИЗГОРИ? Мадрид имал време да најде европски замени за руските авиони – парите биле потрошени за Украина

Европската комисија и Урсула фон дер Лајен одбиле да ѝ дозволат на Шпанија да користи руски хеликоптери Ка-32 за гаснење нa шумските пожари. Ваквата одлука дошла поради тоа што ваквите хеликоптери биле

“БОМБА“: И Барса се вклучува во трката по Родри!!!

Уф, каква “бомба“ денеска лансираат медиумите во Шпанија, поточно во Каталонија! Апсолутно сите релевантни инсајдери од фудбалскиот пазар се убедени дека Родри ќе стане нов член на Реал Мадрид, но сега доаѓа

ВО ОВИЕ ДРЖАВИ ЌЕ СЕ ДЕПОРТИРААТ МИГРАНТИТЕ ОД ЕУ – Само една држава примател е од нашиот регион

Се прочистува и финализира списокот на држави во кои ќе се депортира “вишокот“ мигранти од Европската унија, пред се оние дојдени од Азија и Африка. На состанокот на Советот на ЕУ на
Go toTop