(ВИДЕО) Русите масовно го нападнаа Киев со дронови – погодени се станбени блокови и куќи, нема жртви

December 22, 2023
1 min read

Русија употребила 28 беспилотни летала од типот „шахед-136/131“, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина на својата Фејсбук страница

Украинската армија утринава соопшти дека во текот на изминатата ноќ руските сили повторно лансирале десетици беспилотни летала врз Киев и дека повеќето од нив биле соборени. 

Русија употребила 28 беспилотни летала од типот „шахед-136/131“, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина на својата фејсбук-страница. 

Според информациите на армијата, само четири непријателски беспилотни летала не се уништени, пренесува информативната агенција Униан. 

„Во текот на ноќта во главниот град Киев се слушнаа експлозии, а против беспилотните летала дејствуваа силите на украинските сили за воздушна одбрана“,

соопшти армијата. 

Остатоците од погодените дронови паднаа во областите Соломенски, Дарнички и Голошејевски и притоа беа оштетени станбени згради. Според првичните информации, две лица се повредени, од кои едното е хоспитализирано, се додава во соопштението. 

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко и други официјални лица пријавија напади на неколку станбени области.

Кличко рече дека дрон удрил во станбен блок во населбата Соломјански, јужно од центарот на градот предизвикувајќи пожар.

„Горните катови горат. Екипите за итна помош се на терен“,

информира тој.

Тој извести и за напад со дрон врз приватна куќа во областа Дарнички, на источниот брег на реката Днепар што минува низ градот. Едно лице е повредено, а екипа на Итна помош е на терен.

Според Униан, нема извештаи за жртви во овој напад.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Елиф Елмас за 25 милиони евра се сели од Наполи во Лајпциг

Следно

„ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ“ НА СТОЛЕВСКИ НЕ ВЛЕЗЕ НА ПОТЕСНАТА ЛИСТА ЗА НОМИНАЦИЈА ЗА ОСКАР

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop